Достапни линкови

Помпео со поддршка за НАТО и предупредување за руско - кинеското влијание


Помпео - Борбата со корупцијата клучна за членството во НАТО и ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Помпео - Борбата со корупцијата клучна за членството во НАТО и ЕУ

Американскиот државен секретар е убеден сум Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО. При посетата на Охрид ги нотираше придобивките од договорите со соседите и учеството во воените мисии и порача земјата да се чува од руското влијание и кинеската технологија.

Северна Македонија ќе биде силна земја членка на НАТО, порача денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео од Охрид. Тој ги нотираше придобивките од Договорот од Преспа, и договорот со Бугарија, а се заблагодари и за македонското учество во мисиите заедно со војската на САД.

Американскиот државен секретар по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека САД ќе продолжат да бидат партнер и да ја поддржуваат земјата.

„Како водечка демократија во светот, САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани. САД ќе продолжата да бидат партнер на Северна Македонија“, рече Помпео.

Тој зборуваше и за заканите од Русија и Кина и за економската соработка.

„Срцата и умовите на граѓаните треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чуствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки. Претседателот Трамп во Обединетите нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, коишто ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Македонија да биде слободна и без долгови“, рече американскиот државен секретар.

Премиерот Заев вели дека членство во НАТО значи постигнување на една историска цел. Тоа е голема придобивка за нашата земја и за целиот регион, рече тој. Напомена дека ќе го зголемат буџетот на Армијата и до 2024, а може и порано ќе се одвојува по 2 отсто од БДП-то.

„Северна Македонија е уникатна земја во регонот зотоа што нема отворени билатерлани прашања со ниту еден сосед. Договорите со Бугарија и до Грција и Бугарија беа историски одлуки. За 10 дена ја очекуваме веста од Брисел за отворање на преговорите за ЕУ. Верувам , дека добрата вест од Брисел ќе влијае позитивно на целиот регион. Ќе биде награден напредокот на реформите, а тоа ќе ги охрабри и другите земји за надминување на останатите проблеми. Стабилен балкански регион е во интерес на ЕУ, геополитички, безбедносно и економски. И оваа посета на државниот секретар Помпео е од огромно значење за нас“, рече премиерот Заев.

Помпео денеска на Охридскиот аеродром, беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и од американската амбасадорка Кејт Мери Брнс. Потоа се сретна со претседателот Стево Пендаровски, а имаше средба и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремирот за европски прашања Бујар Османи и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска.

Во соопштението од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека посетата на Помпео е во исклучително важен период за нашата земја, и е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија.

„САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија, со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој, САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис клима за трговска размена меѓу двете земји“, истакна Претседателот.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров пред да слета американскиот висок гостин изјави дека оваа посета е потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех и најава на идното сојузништво. Осумнаесет години од посетата на последниот државен секретар Колин Пауел кој дојде во едно кризно време, сега секретарот Помпео доаѓа во време на надеж и шанси, изјави Димитров, за посетата на државниот секретар Мајк Помпео.

Американската делегација ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта, кој се обновуваше со пари од американскиот фонд за заштита на културно наследство, во вредност од 650 илјади долари.

За време на неговата турнеја низ Европа, Помпео првин ја посети Италија, потоа Ватикан, па Црна Гора, од каде што и дојде во Охрид, а турнејата ја завршува со посета на Грција.

За време на посетата на Помпео во Охрид имаше зголемена безбедност и засилено полициско присуство, а охридскиот аеродром е празен - нема полетувања и слетувања до 17:30 часот, кога е предвидено да слета авионот на Визер од Меминген.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG