Новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски утре треба да даде свечена изјава во Собранието, со што и официјално ќе го започне петгодишниот мандат. Собранието седницата ја закажа за утре напладне.
На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред пратениците, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Претставник на грчката Влада на инаугурацијата на Стево Пендаровски за претседател ќе биде министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос, потврдуваат од грчкото МНР. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија.
Видете и ова: Пендаровски се спрема за Водно, Иванов заминуваПокани за присуство на инаугурацијата преку Министерството за надворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.
По обраќањето во Собранието, ќе замине во кабинетот за да ја преземе функцијата од досегашниот претседател Иванов.
Пендаровски денеска од Државната изборна комисија го доби уверението за претседател на државата. Според него, со овие избори, земјава покажала дека може да се однесува европски, а институциите да работат професионално.
За потпишување на законите кои не ги потпиша досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе се консултира својот правен тим што ќе го доекипира наредната недела. По примопредавањето на функцијата заедно со досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе има средби со вработените, на кои ќе им каже дека нема од што да се плашат.
„Политичкиот реваншизам треба да биде минато во оваа земја. Кој прекршил закон ќе одговара, кој си работи како треба, стручно, треба да остане на работа независно дали е припадник на партијата на власт, на опозиција или не е припадник на ниедна политичка
партија“, истакна Пендаровски.
Тој најави дека темелно ќе се зафати со реформи на безбедносните служби кои се под негова надлежност, чии злоупотреби биле и најголеми причини за длабоката политичка криза во 2015 година, Во таа насока, додаде, веќе е направено доста, како издвојување на Петтата управа и формирање на ОТА, а ќе се работи на издвојување на УБК и на координација меѓу сите служби.
Претходно, ДИК на седница ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.