Гигантите на социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм може да бидат принудени да ја исклучат можноста за клик на „ми се допаѓа“ и сервисите за одредување на локација за деца, под присила на новиот сет правила кои се предложени од британската влада. Британската комисија за информации објави листа со 16 препораки до провајдерите на интернет кои ќе ги постават на некој начин глобалните стандарди за детската приватност онлајн, пишува новинската агенција Ројтерс. Во предлогот се бара забрана за таргетирање на деца под 18 години да споделуваат лични податоци или да поминуваат повеќе време на веб-страницата или апликација отколку што треба.
Во препораките се опфатени и опцијата на Фејсбук „ми се допаѓа“ и на Снапчет опцијата со која се обележува дека двајца долго време се допишуваат преку овој сервис за пораки. Портпаролите на Фејсбук и Снепчет одбија да одговорат на новинарските прашања поврзани со новиот предлог.
Видете и ова: Јутјуберите - идоли на новите генерацииДаниел Дубал од интернет асоцијацијата во Велика Британија, која ги претставува и двете компании, изјави дека интернет компаниите се посветени на тоа корисниците да бидат безбедни онлајн, особено нивните најмлади корисници.
„За сите некакви нови насоки мора да има простор и можност за нивно техничко спроведување во пракса, а не само да ги ограничуваат иновациите и можностите за помалите платформи“, вели извршниот директор Дубал.
Комесарката за информации Елизабет Денам вели дека до ваквиот предлог доаѓа поради растечкиот тренд на недоверба во социјалните медиуми и онлајн сервиси. Компаниите за напредна технологија во изминативе години се вмешани во скандали поврзани со нарушување на правилата за приватност.
„Ова е генерација која е поврзана на интернет. Сите чуда и случувања преку интернетот се дел од од нашите секојдневни животи. Ние не треба да им ја оспориме можноста на нашите деца да го користат, но ние имаме должност да бараме тие да бидат безбедни кога го користат интернетот“, изјави Денам.
Видете и ова: Што ќе донесе воведувањето на 5G технологија?Последните случаи со тинејџер, кој бил следен од неговиот убиец на веб страница за игра и девојката што се самоубила откако гледала видео содржина во која се величи самоповредувањето, ни укажува на потребата од зголемување на безбедноста на децата кои користат социјални медиуми, велат од детската добротворна организација НСПЦЦ.
„Социјалните мрежи во континуитет не успеваат да ја имаат за приоритет безбедноста на децата во нивниот веб дизајн, што резултираше со трагични последици“, изјави Анди Бировс, шеф на одделот за безбедност на децата онлајн при Националниот совет за превенција од суровост кон деца.
Во основа на подесувањата, треба да биде наметнато дека сервисите за лоцирањето на децата додека се на интернет треба да бидат исклучени како опција, се вели во предлогот на британската влада кој се очекува да стапи во сила пред крајот на годинава.
Во продолжение е наведено дека собраните податоци мора да се на минимално ниво и да не биде дозволено нивно споделување со трети страни.