Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека бил подготвен да ја напушти Европската народна партија на состанокот за тоа дали оваа алијанса треба да ја протера неговата партија Фидес.
„Во мојата десна рака за време на состанокот имав писмо каде што веќе беше кажано дека ќе заминеме. Значи, ако го немавме овој компромисен предлог, денеска ќе заминев од Европската народна партија. Имав подготвен текст, сепак беше пронајден компромис“, рече Орбан.
Орбан додаде дека со тоа се обезбеди единство за претстојната кампања за Европскиот парламент од 23 до 26 мај.
Видете и ова: Партијата на Орбан суспендирана од Европската народна партијаПретходно, партии од 12 земји побараа суспензија или исклучување на Фидес, сметајќи дека ставовите и политиките на Орбан не се во согласност со христијанските демократски вредности.
Политичкиот аналитичар, Питер Крауз смета дека Фидес претрпел политички пораз.
„Накусо кажано сосема е јасно дека Фидес претрпе политички пораз. Многу е важно да се забележи дека нешто слично - мора да се повлече и на таков јавен начин - ретко се случува со Фидес и Виктор Орбан“, рече Крауз.
Сепак, според Крауз, лидерот на Фидес, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да биде под политички притисок во самата Унгарија.
„Позицијата на Фидес и понатаму не се соочува со закани во Унгарија. Во опкружувањето што го создаде, тој ќе може да ја претстави својата гледна точка, според која тој може да се справи со Европската унија.“
Крауз смета дека за Орбан било од витално значење да остане во Европската народна партија.
Авторитарниот стил на Орбан, зачинет со неговата антиевропска и антимиграциска политика веќе долго време се предмет на критики од повеќето членки на Унијата.
Сепак, Орбан и по последниот состанок во Брисел јасно стави до знаење дека не планира големи промени.