Сенаторот Џонсон: Излезете и гласајте, тоа е особено важно
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Американскиот сенатор Рон Џонсон денеска по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје, рече дека дошол за да даде охрабрување и поддршка на целиот процес и ги повика граѓаните да гласаат на референдумот. Џонсон е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.