Столтенберг: НАТО и Македонија одлучуваат за членството, не Русија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска порача дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата и никој друг нема збор во процесот. Тој воедно го поздрави напредокот во преговорите за спорот за името и истакна дека се уште важи поканата од 2008 за влез на Македонија во Алијансата.