Папата Франциско: верата бара почитување на мигрантите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Папата повика на гостопримство на мигрантите

Папата Франциско во неговата Божиќна порака упати силна порака во одбрана на мигрантите. Тој оцени дека верата бара да се прифаќаат странци.

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, петти пат ја испрати својата порака за време на божиќните празници што ги слават над една милијарда и триста илјади верници во светот кои се водат според Грегоријанскиот календар.

Тој пред околу 10.000 луѓе во базиликата „Св. Петар“ и на плоштадот во Ватикан ја осуди „драмата на мигрантите во светот“, упатувајќи апел за нивно гостопримство.

Папата наведе дека тие често се принудени да ја напуштат нивната земја, бидејќи нивните раководители се подготвени да пролеваат крв на невини луѓе.

Тој додаде дека во заминувањето на родителите на Исус Христос, Јосиф и Марија од Назарет во Витлеем можат да се видат трагите на многубројни семејства кои денес се принудени да ги напуштат своите домови.

„Ги гледаме трагите на цели семејства принудени да заминат во нашево време. Ги гледаме трагите на милиони лица кои не избираа сами да си заминат оттаму, од нивната земја, и да ги оставаат зад себе своите најмили“, рече папата.

81-годишниот Франциско притоа повика на, како што рече, нова социјална имагинација.

„Оваа иста вера нè поттикнува да создадеме простор за нова социјална имагинација и да не се плашиме да доживееме нови форми на врски, во кои никој не мора да чувствува дека нема место за нив на оваа земја. Божиќ е време за вртење на моќта на стравот во моќта на добротворството, во моќта за нова имагинација за добротворни цели“, рече папата Франциско.

Аргентинскиот папа Хорхе Марио Бергољо и сам внук на италијански имигранти, ја направи судбината на мигрантите и бегалците во светот една од основните теми на неговиот понтификат.