Во Чешка парламентарни избори зачинети со корупциски афери

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Корупцијата и тероризмот во фокусот на изборите во Чешка

Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори. Анкетите покажуваат дека милијардерот Андреј Бабиш би требало да победи и покрај тоа што десетина дена пред изборите е обвинет за корупција. Во идниот парламент ќе има многу партии, можеби и една која сака да го забрани исламот.

За милијардерот Андреј Бабиш наголемо се зборува дека ќе биде нов премиер на Чешка.

Тој вели дека ќе ја води ефикасно земјата како што ја води неговата бизнис империја составена од земјоделски фирми, хемиска индустрија и медиуми.

Неговата партија води далеку пред другите. Деновиве луѓето чекаа во редици за да им ја потпише неговата книга.

„Ни треба конечно да ги поразиме корумпираните, традиционални партии што ја водат нашата земја. Ако традиционалните партии не крадеа, никогаш немаше да влезам во политиката. Знаете, ако премиерот не беше кукла на некакви мафијашки шефови, јас секако не би влегол во политиката“, вели тој.

Но, Бабиш е под сенка на контроверзи. Неколку дена пред гласањето тој беше принуден да ги демантира постојаните обвинувања дека соработувал со тајната полиција за време на комунистичката ера.

Сепак, еден друг сканадал можеби е пострашен. Минатиот месец пратениците во парламентот му го одзедоа пратеничкиот имунитет.

Тој е обвинет дека ги злоупотребил за една негова фирма субвенциите од Европската унија. Бабиш тврди дека е невин и оти тоа му е наместено од политичките ривали.

„Секако мирно предадете ме. Барам од вас да ми го одземете имунитетот за да излезе правдата на виделина“, им порача на пратениците во парламентот.

Негови најголеми ривали му се социјалдемократите. Тие во мај годинава го принудија да ја напушти функција министер за финансии. Со тоа заврши нивната скоро четиригодишна коалиција.

Шефот на дипломатијата Лубомир Заоралек, кој ја води изборната кампања на социјалдемократите, за Андреј Бабиш вели:

„Имаме политичар кој секој ден има нов скандал и мислам дека со таков товар нема право да биде јавен функционер“, вели тој.

Најмалку осум партии би можело да влезат во парламентот. Според анкетите, тоа може да и успее и партијата на чешкиот бизнисмен со јапонско потекло Томио Окамура. Тој вети дека ќе го стави исламот надвор од законот.

„Ако некој е толку глупав и не гледа дека тие што шират страв се исламските злосторници и исламските терористи кои убија само за последниве неколку години стотици невини Европјани, тогаш би требло да си купи нови очила или да се удри за да се разбуди“, вели тој.

Во меѓувреме, чешката економија заздравува, а Чешка има најмала стапка на невработеност во Европската унија.