Русија и Кина против САД околу Северна Кореја

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Русија и Кина со критики до САД за Северна Кореа

Русија и Кина возвратија на критиките од Соединетите Држави откако Вашингтон ги обвини дека не прават доволно за зауздување на севернокорејските нуклеарни амбиции. Пјонгјанг деновиве тестираше ракета која може да стигне до Соединетите Држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп како реакција на ваквата активност на Твитер напиша дека бил многу разочаран од тоа што Кина не прави ништо да им помогне на Соединетите Држави во казнувањето на Северна Кореја.

„Кина би можело лесно да го реши овој проблем“, напиша Трамп.

На вчерашниот состанок на неговиот кабинет во Белата куќа, пак, тој изјави дека Соединетите Држави ќе го решат проблемот со Северна Кореја:

„Ние ќе се справиме со Северна Кореја, ќе бидеме во можност да се справиме со нив. Тоа ќе биде решено. Ние се справуваме со се. Ви благодарам“, рече Трамп.

Во истовреме, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон оцени дека Кина и Русија биле принципиелни економски помагачи на Северна Кореја поради нивните трговски врски со таа земја.

Веднаш на ова реагираше руското министерство за надворешни работи кое соопшти дека нема никаква основа целата одговорност за проблемот да им се префрла на Русија и Кина.

Со ист став се јави и кинескиот амбасадор во Обединетите нации, Лиу Џиеји.

Тој смета дека „примарна одговорност“ за смирување на тензиите на Корејскиот Полустров имаат Соединетите Држави и Северна Кореја, а не Кина.

„Постојат две главни страни за прашањето за денуклеаризација и за мир и стабилност на Корејскиот Полуостров, Северна Кореја и САД. Иако луѓето многу зборуваат за Кина, ако двете главни страни одбиваат да се придвижат кон она што го бара резолуцијата на Советот за безбедност - деескалација на тензиите, преговори за постигнување денуклеализирање и мир и стабилност, а исто така и за продолжување на дијалогот - тогаш без разлика колку е способна Кина, нејзините напори нема да дадат практични резултати, бидејќи тоа зависи од двете главни страни“, рече тој.

Затоа тој ги повика да се откажат од сегашниот курс на покажување сила кој води кон, како што рече, воена конфронтација.