Децата најсреќни на претставувањето на американската воена опрема во Куманово
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Децата беа најсреќните посетители на претставувањето на инженерските воените возила на македонската и на американската армија во Куманово. Тие ги видоа борбените возила Страјкер, возилото Бафало за деминирање и друга инжинерска опрема. Војниците со задоволство им ги претставуваа можностите на возилата.
Конвој од 120 возила со 300 војници на армијата на САД денеска од Бугарија, на граничниот премин Деве Баир, влезе во Македонија. Тие поминаа 2000 километри ог Германија до Македонија претставувајќи ја својата опрема во земјите од Источна Европа. Војниците, кои се дел од инженерска единица, ќе учествуваат во воената вежба Коњаник заштитник 17.
Вежбата, која ќе се одржи заедно со 95 македонски војници, ќе се одржи во армискиот полигон Криволак. Американската единица во меѓувреме ќе патува низ неколку градови, изложувајќи го своето вооружување и опрема.