Скопје, 54 години од земјотресот
Старата железничка станица е еден на најмаркантните објекти во Скопје, кои беа урнати во земјотресот на 26 јули 1963 година. Во остатоците од железничката, која е споменик на културата, е сместен Музејот на Град Скопје.
Часовникот на Старата железничка покажува 5:17, времето кога земјотресот го погоди Скопје. Градоначалникот Коце Трајановски пред локалните избори во 2009 година ветуваше дека ќе го поправи часовникот и „секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос“. За среќа или не, ова ветување не го оствари.
По земјотресот во Скопје е изградена нова железничка станица во населбата Пролет.
Офицерскиот дом е изграден во 1929 година по нарачка на Министерството на војската и морнарицата на Кралството Југославија.
Офицерскиот дом беше урнат во земјотресот.
Во 2013 година, како дел од проектот Скопје 2014, беше започната изградба на нов „Офицерски дом“. Во објектот треба да биде сместена градската управа и матичната служба.
Многу жртви имаше при уривањето на „Гранд хотел Македонија“, еден од најлуксузните хотели во градот во тоа време.
На негово место сега е изграден хотелот Мериот.
Стариот театар во Скопје бил изграден во 1927 година. Од ослободувањето до земјотресот во него бил сместен Македонскиот народен театар.
Во 2013 година, како дел од проектот Скопје 2014, беше изграден нов театар по урнек на стариот. МНТ доби нов објект.