Образовниот систем треба да се синхронизира со потребите на пазарот на труд, да се воспостави подабар систем за координација меѓу Министерството за образование и Агенцијата за вработување, да се следи развојот на младите од нивното образование до вработувањето, како и да добиваат кариерно советување од аспект на образованието кон нивните способности и вештини до обезбедување на нивно вработување.
Вакви се ставовите на младите во однос на актуелните мерки и политики коишто државата ги прави за поддршка на нивното вработување. Нивните мислења беа претставени на конференцијата за „Актуелни политики за младинско вработување на ЕУ и Македонија.“, во организација на граѓанската организација „Сега.“
„Потребно е да се направи нов пристап кон обезбедување на поддршка на младите луѓе, поспецифично како категорија и опфатот на мерките коишто државата понатаму треба да ги прави да бидат пофокусирани само кон младите луѓе и неопходно е да се направи децентрализација од аспект на потребите на локалните самоуправи, односно на локално ново да се вклучат мислењата, барањата и потребите на бизнис секторот“, вели извршниот директор на коалицијата „Сега“, Зоран Илиески.
Потребно е да се поттикне претприемништвото кај младите за самите да отворааат бизниси, вели Слободанка Алексовска – раководител на Центар за вработување Скопје. Таа истакна дека досега преку мерката „Самовработување“ од 2007 година се отоврени над 7.200 бизниси, од кои 35 отсто од млади луѓе.
„Од оваа година повторно ќе продоли таа мерка со носење на новиот оперативен план и младите повторно ќе можат да ја користат, но и други мерки како практикантство, обука кај познат работодавач, обука со добивање на субвенции, субвенционирано вработување, финасиска поддршка и друго“, вели Алексовска.
Таа исто така додаде дека со двата владини проекти „Македонија врботува“ најмногу учество имале младите и оти со нив вкупно се вработени над 23 илјади луѓе. Исто така младите во моментов можат да аплицираат за напредни компјутерски вештини, со услов да бидат да бидат до 29 години со претходни познавања во оваа област, но и за други обуки.