Трамп го смени мислењето за Женскиот марш

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трамп во одбрана на Женскиот марш

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го признава правото на стотиците илјади луѓе кои протестираа во поддршка на „Женскиот марш“ во Вашингтон и во други градови во САД и во светот. До ова дојде само неколку часа откако тој ги минимизираше протестите што се одржаа ден по неговата инаугурација.

„Мирните протести се знак на нашата демократија. Дури и ако јас секогаш не се согласувам, го признавам правото на луѓето да ги искажат своите погледи“, напиша Трамп на Твитер.

Оваа порака е поразлична од претходната во која напиша:

„Ги гледав протестите вчера, но под импресии дека ние имавме избори. Зошто овие луѓе не гласаа?“.

Овие твитови беа првите коментари во врска со протестите на над милион луѓе во Вашингтон и во другите американски градови и во светот на 21 јануари, ден откако Трамп беше инаугуриран за претседател.

Протестот во Вашингтон, според извештаите, привлече повеќе луѓе од инугурацијата на Трамп која се одржа пред Капитол хил.

Извештаите дека повеќе луѓе имало на првата инаугурација на претседателот Барак Обама предизвикаа остри реакции од портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Тој инсистираше на тоа дека медиумите лажно известувале за бројот на посетителите.

„Дури и Њујорк тајмс објави фотографија која покажува погрешно претставување на публиката во оригиналниот твит во нивниот весник која ги покажува во целосен обем поддршката, длабочината и публиката. Овие обиди да се намали ентузијазмот на инаугурацијата се срамни и погрешни“, рече тој.

Според Спајсер, инаугурацијата на Трамп имала најголема посетеност во историјата.

Во меѓувреме, високата советничка на Трамп, Келиан Конвеј изјави дека американскиот претседател нема да ги објави неговите даночни пријави, што претставува своевидно кршење на долгорочната традиција.

Инаку, светските берзи во понеделникот бележат пад на вредноста, главно поради протекционистичкиот инаугуративен говор на претседателот Трамп.

Падна и вредноста на доларот поради загриженоста од најавената политика во Вашингтон и покрај првичниот оптимизам кај инвеститорите од ветените кратења на даноците.