Изборниот колеџ е воспоставен во 1787 година од авторите на Уставот како компромис меѓу оние што сакаа јавно гласање и оние што сакаа Конгресот да го избере претседателот.
Една од целите е да се заштитат правата на помалите држави, спречувајќи тие да бидат под доминација од оние со поголема популација.
Тоа е причината зошто денес, секоја од 50-те американски држави има ист број таканаречени електори како и бројот на членовите на Конгресот.
Калифорнија, најнаселената држава, има 55 електори, бидејќи има двајца американски сенатори како и сите преостанати држави, плус 53 членови на Претставничкиот дом од Калифорнија врз основа на нејзиното население.
Државите со најмала популација имаат три електори: два за американските сенатори на државата и еден за нејзиниот единствен член на Претставничкиот дом.
Вашингтон Ди Си е специјален федерален дистрикт - не е држава - а со тоа и нема ниту еден сенатор ниту застапеност за гласање во Конгресот на САД. Но, со 23 амандман на Уставот на САД, на дистриктот Колумбија и беа доделен три избирачи во Изборниот колеџ.
Победникот зема сè
Освен во Мејн и Небраска, кандидатот кој ќе освои повеќе гласови во секоја држава ги добива и гласовите од вкупниот број на електори за таа држава.
За да ја освои претседателската функција, на кандидатот му е потребна поддршка од просто мнозинство гласови во Изборниот колеџ.
Во моментов, тоа значи дека најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ се потребни за да се обезбеди претседателската функција.
Ако гласањето во Изборниот колеџ е нерешено, Претставничкиот дом има право да го избере следниот претседател. Тоа се случило само еднаш во историјата на САД.
Неверни електори
Електорите обично се номинирани од страна на една политичка партија или од кандидатот што го има предложено партијата.
Тоа значи дека тие и се лојални на партијата, односно на нејзиниот кандидат за претседател.
Но, не постои федерален закон кој ги обврзува електорите да го одржат своето ветување. Електорот кој го прекршува ова ветување се нарекува „неверен електор“.
Додека 29 држави и дистриктот Колумбија имаат закони кои ги казнуваат неверните избирачи, преостанатите 21 немаат закони за тоа.
Најпопуларните не секогаш победуваат
Електорскиот систем доведе до контроверзи во минатото, бидејќи е можно кандидатот да победи на национално ниво, но да не собере доволно гласови од Изборниот колеџ за да ја освои претседателската функција.
Тоа е она што се случи во 2000 година, кога републиканскиот кандидат Џорџ Буш го обезбеди потребното мнозинство гласови во Изборниот колеџ, и покрај тоа што доби околу 500 илјади помалку гласови на национално ниво од демократскиот кандидат Ал Гор.