Клучни поенти од обраќањето на Јункер
За поделбите меѓу истокот и западот во ЕУ
„Наредните 12 месеци се решавачки. Доколку сакаме да ги надминеме поделбите меѓу истокот и западот, доколку сакаме да бидеме ефикасни за важните работи, доколку сакаме да му покажеме на светот дека Европа им капацитет, треба да работиме.“
За бегалците
„Го повикувам актуелното претседателство со ЕУ, Словачка, да ги надмине разликите меѓу оние што настојуваат да ги интегрираат бегалците во своите општества и оние што се убедени, како јас, дека клучно е да бидат фер распоредени.“
За безбедноста на границите
„Секој што влегува во Европската унија или си заминува, ќе биде регистриран. Од ноември ќе имаме нов информациски систем за патувањата.“
За Брегзит
„Дозволете ми овде и денес да кажам дека ја почитуваме, но и желиме за одлуката на Британија да излезе од ЕУ, но ЕУ не е во ризик“.
„Сакаме да видиме официјално барање од Британија за Брекзит, што е можно поскоро, за да можеме да ги превземеме неопходните чекори и да прекине неизвесноста. Нашите односи со Велика Британија мора да останат пријателски, но нема да има „а ла карт“ пристап на заедничкиот пазар.“
За одбранбената политика на ЕУ
„Мора да имаме Европски заеднички воен штаб. Мора да одиме напред со заеднички воени сили, кои, секако, треба да бидат целосно компатибилни со НАТО. Повеќе европска одбрана не значи помалку транс-атланска одбрана и солидарност.“
За популизмот
„Популизмот не ги решава проблемите, туку обратно. Популизмот создава проблеми и ние треба да се заштитиме од него.“
За интернетот и бесплатен роаминг
„Кога ќе патувате во Европа со својот мобилен, ќе се чувствувате како дома секаде, благодарение на новите правила за роаминг. Предложивме да се овозможи во секој град и во секое село во Европа да има безжичен интернет пристап.“