Да си простиме и да се сплотиме околу државните интереси додека не е доцна, порача Претседателот Ѓорге Иванов на свечената академија по повод 25 години независност на Република Македониј.
Додека на 20-годишнината од независноста сплотени и единствени се радувавме на независноста, овој јубилеј не затекна раскарани и поделени со меѓусебна омраза и недоверба, рече Иванов. Говорејќи за предизвиците во НАТО и ЕУ итеграцијата во изминатите години, тој рече дека нашите стратешки цели, кои на почетокот не обединувале, со блокадите почнале да не фрустрираат. Блокираните процеси и изгубените години предзивикаа длабоки политички криза во кои станавме заложници на гнев и нетрпеливост кон политичкиот противник. Кризи во кои се поделивме, рече Иванов, дополнувајќи дека дијалогот од државните институции е преселен во амбасадите на странските држави.
„Го погазивме заветот кој си го дадовме кога прогласивме независност, завет заедно и сплотени да ја градиме дражавата. Оваа година во која кулминираше политичката криза беше можност за општествена катарза за прочистуавње на општеството од неодговорносот, омраза и нетрпеливосот натоложени во изминатиот четврт век. Оваа јубилејна година требаше да биде нов почеток, но наместо тоа продолживме да тонеме во калта на реваншизмот. По многу одлагање на 11 декември конечно треба да се одржат избори, не е важно кој ќе победи, поважно е како ќе мине изборнот процес, а најважно е она што ќе следи по декември. Изгубивме скапоцено време“, рече Иванов.
Говорејќи за периодот по прогласувањето на независноста, Иванов рече дека Македонија изменила многу планови и оти затоа сме станале исклучок од многу правила.
„Од почетокот на независноста гледаме постојано некој како да се обидува да го избрише нашето име“, рече Иванов.
По изборите закажани на 11 декември тој рече дека новата влада ќе има големи задачи на повеќе полиња. Во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции, неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре, рече Иванов.
„Ако ЕУ нема волја да ги започне преговорите за членство и да ги отвори поглавјата за Македонија, тогаш ние самите треба да ги исполние 34-те поглавја и сами да ги исполниме критериумите за членство во ЕУ. Неопходно е сами да се менуваме на подобро. По изборите ќе треба напорно да работме за релаксирање, наместо за заострување на односите во општеството“, порача претседателот.
Тој порача на идните поколенија да им оставиме држава во која ќе бидат слободни и во која со голема радост ќе чекаат и прославуваат уште многу јубилеји, родендени на независноста на Република Македонија.
„Иднината на Република Македонија зависи од секој еден од нас, од секој еден од вас. Од тоа дали кон вашите права ќе ги придодадете и вашите обврски кон Македонија. Од тоа дали ќе преземете лична одговорност за секој ваш чекор, за секоја ваша животна одлука. Од тоа дали ќе го почитувате и прифаќате вашиот сосед, со сета негова етничка, религиска, социјална и идеолошка различност, онака како што не поучуваат врвните и вечни морални начела и вредности“, истакна претседателот Иванов во обраќањето на свечената академија по повод 25-години независност на Република Македонија.