Во пресрет на изборите за нов ректор на УКИМ и распишаните избори за студентски претседател, не стивнуваат спротивставените ставови во јавноста. Студентскиот пленум остро реагира на постапката за избор на нов претседател, карактеризирајќи ја како обид за фалсификување на студентската волја. Нивниот главен аргумент е истечениот мандат на актуелниот ве де претседател Кирил Спировски што пак ја прави постапката незаконска, а дополнително спорен според нив е и самиот термин кој е одреден во пресрет на изборите за ректор.
„Во програмата за академската календарска година која ја пропишува Сенатот, стои дека од 16 мај до 15 јуни е втората испитна сесија. И од 15 август се активира третата испитна сесија. Значи, Кирил Спировски сака да распише избори на 30 јуни, кога по календарската година стои дека 15 јуни завршува академската година. Сега се поставува прашањето: дали претседателот на СП, кој треба да е лидер на студентите, нема поим дека неговите студенти не се тука. Тој е лидер само на една клика која го има киднапирано студентското организирање и претставување,“ вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.
На ваквите обвинувања од Туфегџиќ реагира в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски. Вели дека во согласност со Статутот и правните акти на организацијата тој е целосно легитимен претставник на студентите. Тој се повикува на Правилникот за спроведување избори донесен минатата година од страна на Собранието на Студентскиот парламент. Вели дека тие истите студенти имале доволно време да дојдат во организацијата и да ги добијат потребните информации. Се е во согласност со процедурите, уверува Спировски. Во врска со обвинувањата од Пленумот дека е незаконско распишувањето на изборите пред октомври, односно ноември како што е пропишано во Статутот на СПУКМ, Спировски вели дека во истиот тој Статут пишува дека доколку Собранието на Парламентот одлучи поинаку, тоа може да биде и кој било друг датум.
Од Пленумот обвинуваат и за нетранспарентност на Студентскиот парламент.
„Нашата организација во која по сила сме членови не ни издава никаква документација. Да не говориме за финансиски извештаи“, вели Туфегџиќ.
Неосновани се ваквите обвинувања, вели Спировски и уверува дека уредно ги доставуваат своите финансиски извештаи до Централен регистар и пред надлежните органи. Како тогаш имаат информација со колку средства располагаме ако не ги виделе бројките, прашува Спировски?
Но и покрај овие аргументи на Спировски, од Студентскиот пленум остануваат на ставот дека актуелното раководство на парламентот е нелегитимно, поради истечениот мандат, а тоа пак според Професорскиот пленум ја доведува во прашање и легитимноста на изборите за ректор. И од Професорскиот пленум го осудија обидот на СПУКМ да организира избор на претседател во експресен рок и по завршувањето на академската година, кога најголем број студенти се отсутни и не се во можност да гласаат или да се кандидираат.
„Имаме студентски парламент чиј мандат заврши во 2015 година, тие претставници не можат да бидат легитимни, а избори се уште нема одржано. Како тогаш би имал легитимитет и ректорот? Токму таа нелегитимна власт исто така ќе го доведе до прашање изборот на ректор во рамките на сето она каде што се глуми некоја автономија на Универзитетот“, изјави деновиве професорката Синоличка Трпкова
Во јавниот повик кој студентскиот парламент го доставил во петокот кандидатурите ќе може да се поднесуваат до 19 јуни, што според студентите од пленумот е дискриминација за студентите бидејќи нивната сесија е завршена, а за кандидатура во која ќе треба да соберат 3000 потписи имаат само три дена.
Во пресрет на изборите за нов ректор на УКИМ и распишаните избори за студентски претседател, не стивнуваат спротивставените ставови во јавноста. Студентскиот пленум остро реагира на постапката за избор на нов претседател, карактеризирајќи ја како обид за фалсификување на студентската волја. Нивниот главен аргумент е истечениот мандат на актуелниот ве де претседател Кирил Спировски што пак ја прави постапката незаконска, а дополнително спорен според нив е и самиот термин кој е одреден во пресрет на изборите за ректор.
„Во програмата за академската календарска година која ја пропишува Сенатот, стои дека од 16 мај до 15 јуни е втората испитна сесија. И од 15 август се активира третата испитна сесија. Значи, Кирил Спировски сака да распише избори на 30 јуни, кога по календарската година стои дека 15 јуни завршува академската година. Сега се поставува прашањето: дали претседателот на СП, кој треба да е лидер на студентите, нема поим дека неговите студенти не се тука. Тој е лидер само на една клика која го има киднапирано студентското организирање и претставување,“ вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.
На ваквите обвинувања од Туфегџиќ реагира в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски. Вели дека во согласност со Статутот и правните акти на организацијата тој е целосно легитимен претставник на студентите. Тој се повикува на Правилникот за спроведување избори донесен минатата година од страна на Собранието на Студентскиот парламент. Вели дека тие истите студенти имале доволно време да дојдат во организацијата и да ги добијат потребните информации. Се е во согласност со процедурите, уверува Спировски. Во врска со обвинувањата од Пленумот дека е незаконско распишувањето на изборите пред октомври, односно ноември како што е пропишано во Статутот на СПУКМ, Спировски вели дека во истиот тој Статут пишува дека доколку Собранието на Парламентот одлучи поинаку, тоа може да биде и кој било друг датум.
Од Пленумот обвинуваат и за нетранспарентност на Студентскиот парламент.
„Нашата организација во која по сила сме членови не ни издава никаква документација. Да не говориме за финансиски извештаи“, вели Туфегџиќ.
Неосновани се ваквите обвинувања, вели Спировски и уверува дека уредно ги доставуваат своите финансиски извештаи до Централен регистар и пред надлежните органи. Како тогаш имаат информација со колку средства располагаме ако не ги виделе бројките, прашува Спировски?
Но, и покрај овие аргументи на Спировски, од Студентскиот пленум остануваат на ставот дека актуелното раководство на парламентот е нелегитимно, поради истечениот мандат, а тоа пак според Професорскиот пленум ја доведува во прашање и легитимноста на изборите за ректор. И од Професорскиот пленум го осудија обидот на СПУКМ да организира избор на претседател во експресен рок и по завршувањето на академската година, кога најголем број студенти се отсутни и не се во можност да гласаат или да се кандидираат.