Шарени блокади на крстосниците
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
По половина час десетици граѓани кои се дел од „Шарената револуција“ со автомобили блокираа три раскрсници во центарот на Скопје. Блокирани беа улиците покрај Соборниот храм, потоа кај трговскиот центар Мавровка и покрај зградата на Црвениот Крст. Демонстратите велат дека се соочуваат со закани и притисоци и дека не сакаат да дозволат и натаму овој систем да продоложи да глуми нормалност. Демонстрантите најавија дека ќе продолжат како досега со протести кои ќе почнуваат во 18 пред СЈО. Додека траеше блокадата полицијата го пренасочуваше сообраќајот по другите улици.