Ни треба шут да ја кажува вистина за владетелот

Политичарите не можат да прифатат шега на своја сметка, но не се само тие, во земјава ретко кој сака критика. А кога некој ќе изгуби чувство за смеа, престанува да биде човек, вели професор Цуцуловски.

Хуморот е тесно поврзан со вистината, а вистината и тоа како може да го промени светот, општеството и политиката, вели универзитетскиот професорот Љубомор Цуцуловски. За човечкото суштество, како што истакнува Цуцуловски, можеби и најбитна особина е чувството за хумор. Кога ќе го изгуби чувството за смеа престанува да постои како човек, нагласува Цуцуловски додавајќи дека тоа што важи за секое индивидуално човечко суштество важи и за политичарите.

Во таа смисла не случајно некои монарси на дворовите чувале дворски шутови кои на комичен начин ја кажувале вистината за нив.
Љубомор Цуцуловски, универзитетски професорот.

„И тие како и секој човек мора да го сочуваат чувството за хумор, за самохумор, вклучувајќи ја тука и иронијата на сопствена сметка. Во таа смисла не случајно некои монарси на дворовите чувале дворски шутови кои на комичен начин ја кажувале вистината за нив. Бидејќи единствено така преку хуморот и преку трудот може да дојдеме до себе си. Дотолку почудно е кога некој се плаши од хуморот од иронизирањето од самоиронизирањето итн.“

Професор Цуцуловски вели дека и во најтемниот период на Сталинизмот луѓето умееле да се смеат.

„Ќе се послужам со мислењето на еден познат советски дисидент, филозофот Александар Диновјев кој беше приниден да живее на Запад бидејќи беше протеран од Советскиот сојуз. И во една прилика го прашале што го разликува советскиот човек од американскиот. Тој рече дека разликата е во тоа што и во најмрачниот период на Сталинизмот советските луѓе умееле да се смеат, а умееле да се смеат затоа што умееле да се шегуваат, а умееле да се шегуваат, затоа што знаеле дека ги лажат, и при тоа додава, а овие за грев, мислејќи на Американците, не ни знаат дека ги лажат.“

ТВ водителот Жарко Димитриоски вели дека не може да се каже дека Македонија е општеството во кое политичарите може да поднесат и да разберат хумор на своја сметка и оти ова важи и за многу други луѓе кај нас.

„Генерално никој не сака кај нас критика. Не само политичари. Никој, ни актери ни музичари. Критика и шега на своја сметка никој не прифаќа. А кога сме кај политичарите доволно е само да видиме едно видео скоро поставено пред месец дена на ју туб каналот на белата куќа. Видеото е со Барак Обама и темата е што ќе прави Барак откако ќе се пензионира, т.е. откако ќе ја напушти претседателската куќа. И во тоа видео има толку многу шега на своја сметка просто да не може да ти се верува. И после гледањето на оваа видео ти сфаќаш каде живееш. Значи ова е една мала земја со огромни суети“, вели Димитриоски.