На спомениците од проектот Скопје 2014 не гледаме како на културно наследство, туку на погрешна политика на власта која во време на голема невработеност кај младите и кога тие се иселуваат не можевме да си дозволиме да размислуваме на оставање на спомениците како културно наследство, туку е потребно да се инвестира во нашата иднина и во иднината на држава, вели Владимир Делов од движењето „Протестирам“.
На синоќешните протести освен Триумфалната порта, со боја со графити беа испишани и исфарбани и споменикот на Самоил, споменикот на Александар Македонски, како и зградата на Министерството за култура. Беа поставени и платна со графити и на некои други споменици кои се дел од проектот Скопје 2014 година. Она што, според Делов, власта го гледа како културно наследство тие го гледаат како корупција, криминал и перење на пари.
„Има докази дека самиот проект Скопје 2014 е една огромна пералница на пари. Тие го нарекуваат културно наследство, а за нас е културно насилство затоа што сметаме дека токму вакво навраќање во минатото беше непотребно и изведено на неубав и неплански начин и претставува еден личен хит и не е израз на општата волја на народот затоа што верувам дека никој не би одбрал споменици наместо просперитет“, вели Делов.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Архитектот и професор Ѓорѓи Константиновски смета дека не е во ред да се практикува насилство спрема објектите без разлика кога се градени, но факт е дека Скопје 2014 е криминал и барокот нема врска со нашата традиција и современата архитектура. Според него, жално е што современата архитектура е уништена и облечена во барок фасади со што се брише еден значаен период.
Тие го нарекуваат културно наследство, а за нас е културно насилство затоа што сметаме дека токму вакво навраќање во минатото беше непотребно и изведено на неубав и неплански начин и претставува еден личен хит и не е израз на општата волја на народот, затоа што верувам дека никој не би одбрал споменици наместо просперитет.Владимир Делов, „Протестирам“.
„Тоа се оквалификува како злочин, тука значи се сложувам со ние кои не го дозволуваат градењето на овој барок, кој всушност не е потребно да се гради, туку преку него земаат пари и ги полнат своите џепови. Значи се работи за лични интереси на владејачката класа. За она што фрлаат јајца, бојадосуваат мислам дека тоа не е во ред затоа што сепак во една културна земја такви работи не треба да се прават“, вели Константиновски.
На социјалната мрежа Фејсбук се шират објаснувања за постапката на демонстрантите. Корисниците пишуваат дека има минимум три одговори дека спомениците се симболички маркер на криминален и авторитарен режим, потоа дека тие чинеле премногу и оти Министерството за култура, кој е еден од машините на режимот го овозможил проектот. Друг коментар е дека со прогласување на споменици од Скопје 2014 се прави злоупотреба на Законот за заштита на културно наследство.
Медиумите кои важат за провладини известуваат дека историчарите го осудуваат уништувањето на спомениците, како и тоа дека хулиганите поддржани од СДСМ дивееле и удриле по она што претставува македонски идентитет, вредност и историја.