Фановите на РСЕ на Фејсбук се нашле предизвикани од интервјуто на претседателот Иванов за германскиот весник Билд и писмениот одговор на неговиот советник Боцевски дека Македонија нема земено ни евро помош од ЕУ за бегалците.
Среќата е индивидуална работа. Друга работа е доколку тој Груевски сака и нас останатите со сила да нè направи среќни затоа што и тој бил среќен.Коментар на читател.
Ариф Ибусоски појаснува дека „Овој сака да каже дека не заработиле ништо бидејќи ЕУ не дале 5% провизија, ете тоа го мачи лоповот‟, а Ајет Ајети додава: „Епа ние не сме Европјани, сакаме малку во четири очи или под рака‟. Ивица Шиљковски во својот пост напишал: „По ова што го кажа по долгогодишно молчење, сепак мислам дека си попаметен и помалку штета правиш кога молчиш. За доброто на Македонија продолжи да молчиш и не се појавувај!‟ Изјавата на портпаролката на ЕУ дека помошта за мигрантите не оди само на владини сметки исто така наишла на многу негативни постови на Фејсбук. Михалчо Перков прашува: „А кои тоа активности поддржувате без знаење на Владата и народот? Активности за разнебитување на нашата Македонија и во разноразни сомнителни преку ноќ изникнати НВО-а?‟
Ристе Димитровски постирал: „Племето си останува племе‟. „Кога среќата зависи од политиката‟ - гласи насловот на нашиот текст со анкета на граѓаните. Некој што одговорил дека среќен го прават „семејството и опкружувањето со убавина што ни ја пружа Владата на ВМРО-ДПМНЕ‟ предизвикал цела низа реакции од нашите фанови на Фејсбук. Зоран Недков постирал дека среќата е индивидуална работа, и додал: „Друга работа е доколку тој Груевски сака и нас останатите со сила да нè направи среќни затоа што и тој бил среќен‟, па во заграда додал „егоизам‟. Ана Михаил напишала: „Како одеа рекламите? Натерај го својот родител да чита книга! Милиони отидени на ‛едукативни‛ реклами!!‟, а Ернел Дураковски прашува: „Што пружаат овие лопови не ни е ич јасно!‟
За организирањето на новинарите во Новинарски фронт, нашите фанови се многу негативно расположени. Повеќето постови се негативни, а вторите сметаат дека новинарите се „продадени‟. Тони Манев кажува можеби вистина: „Медиумите 5 месеци да не емитуваат за политика, ВМРО ќе падне како тиква‟. Љупчо Бујароски, пак, смета дека „Конечно медиумите се ослободија од ослободителите...‟