Уапсени се неколку лица во денешната акција на полицијата во регионите на Скопје и Куманово за пронаоѓање и лишување од слобода на лица наводни соработници на групата која изврши вооружен напад во мај во кумановско Диво Насеље, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски. Приведените се изнесуваат пред судија во претходна постапка, а претресите на полицијата се изведени главно во кумановските села Брест, Малино и Отља. Инциденти во акцијата немало. Од Министерството најавуваат повеќе информации во текот на денот.
После пет месеци е долг период, но можеби службите тогаш немале информации, сега добиле информации па затоа ја изведуваат акција, а најлошо би било сценариото доколку се работи за некои политички разговори преговори па дали може да се апсат, дали не може да се апсат. Тоа е најлошото сценарио за Македонија.Владимир Пивоваров, поранешeн разузнавач.
Во меѓувреме, од основното јавно обвинителство информираат дека издале наредба за спроведување истражна постапка за уште седум македонски државјани од истрагата за Диво Насеље.
Граѓаните на Куманово кои утринава чуле за полициската акција се вознемирени, меѓутоа поголем дел од населението во липковските села нема никакви сознанија дека такво нешто се случувало додека тие спиеле.
Абедин Зимбери, поранешен пратеник во Собранието од липковскиот крај, вели дека и тој нема никакви информации, но смета дека не треба да се крева тензија кај граѓаните кои се премногу чувствителни. Зимбери додава дека тенденција е граѓаните да соработуваат со униформираните службеници, а не да се плашат штом ќе видат полицаец. Според него, граѓаните на Куманово и Липково веќе треба да се остават мирно да го живеат и онака тешкиот живот.
Инаку во полициската акција во кумановската Дива Населба во мај оваа година загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени. Немаше цивилни жртви. Беа убиени десет вооружени лица, а околу 30 од групата биле уапсени. МВР соопшти дека нападот го организирала една од најопасните терористички групи кои биле закана за целиот регион. Но, сè уште остануваат отворени многу прашања - Кои се напаѓачите во Куманово, дали се платеници терористи или џихадисти, која им била целта, како се инфилтрирале во густо населена населба, кој ги плаќал?
Денешните активности на полицијата за апсење на наводните соработници доаѓа по пет месеци од настаните во Диво Насеље. Експертите велат дека најдобро е да се реагира во почетокот за да нема последици врз општеството.
„После пет месеци е долг период, но можеби службите тогаш немале информации, сега добиле информации па затоа ја изведуваат акција, а најлошо би било сценариото доколку се работи за некои политички разговори преговори па дали може да се апсат, дали не може да се апсат. Тоа е најлошото сценарио за Македонија“, изјави поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.
Тој посети дека премиерот, кога се случија настаните во Диво Насеље, рече дека после три дена ќе има објаснување што се случило, но дека такво објаснување до денес не слушнавме.