Дали во Скопје се гради плански или нешто друго е во прашање откако уште еднаш локалните власти изразија несогласувања за тоа што треба и не треба да се гради во градот?
Она што на Скопје дефинитивно му недостасува е една конечна и подготвена за спроведување студија на сообраќај. Значи нешто што ќе произлезе од стратешките документи како Генералниот урбанистички план или кој и да е стратешки документ за економски развој на градот.Даница Павловска, архитектка.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски најави изградба на пристапна улица на кејот на реката Вардар која ќе биде со посебен сообраќаен режим. Но, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски достави одлука до советниците за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар. Според него, со улицата ќе се спречи движењето на граѓаните. Од Град Скопје одговорија дека улицата нема да биде транспортна и оти Жерновски користи невистини за дневно-политички цели. Од таму наведуваат и дека улицата е предвидена со ДУП донесен од Општина Центар.
Архитектот Даница Павловска вели дека се стекнува впечаток оти во Скопје не се гради плански, но тоа не значи дека не постои урбанистичка регулатива.
Вака само ќе се надмудруваме и само едни на други ќе си покажуваме со прст дека тој е виновникот, а знаете кој најмногу губи - ние граѓаните и квалитетот на живот во тие реони. Како сме политички разединети и секако не знам дали има волја да се седне и разговара. Прво, ние како граѓани треба да си ја сакаме државата и да си кажеме дека Скопје е наше и да се бориме за неговите интереси.Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.
„Она што на Скопје дефинитивно му недостасува е една конечна и подготвена за спроведување студија на сообраќај. Значи нешто што ќе произлезе од стратешките документи како Генералниот урбанистички план или кој и да е стратешки документ за економски развој на градот“, смета Павловска.
Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора, Никола Велковски, вели дека сите засегнати страни треба да разговараат и да направат стратегија.
„Вака само ќе се надмудруваме и само едни на други ќе си покажуваме со прст дека тој е виновникот, а знаете кој најмногу губи - ние граѓаните и квалитетот на живот во тие реони. Како сме политички разединети и секако не знам дали има волја да се седне и разговара. Прво, ние како граѓани треба да си ја сакаме државата и да си кажеме дека Скопје е наше и да се бориме за неговите интереси“, додава Велковски.
Најголемиот проблем, според Павловска, е неостварувањето на дијалог со граѓаните и немањето стручна и јавна расправа, а одлуките не може инцидентно да се донесуваат. Проблематичен е и начинот на којшто се реализираат плановите.
„Но, и начинот на кој што се донесуваат. Ако ги испочитува тие правила на донесување и изготвување на документацијата, значи се работи за урбанистички нормативи. Ако сето тоа се испочитува, значи тогаш сме многу блиску до добрите решенија коишто сепак мораме да ги расправаме. Мора да разговараме за нив. Стручно и општо за да ги осознаеме сите аспекти. Тој партиципативен дел на јавноста е неопходен и не смее и не може без него“, вели Павловска.
Велковски додава дека политиката не треба да има толкав удел, туку граѓаните да земат збор што сакаат да се направи во нивниот простор и што ќе им се остави на наредните генерации да имаат исти можност за развој и градба.