Нaместо да играат оро, пукаат по свадби

Во јули во гостиварско загина момче од заталкан куршум испукан на свадба. Жителите од овој регион и понатаму пукаат на семејните веселби, што резултираше со оштетувања на возила и куќи, а при последниот инцидент жена е повредена од огномет.

Ниту смртта на 10 годишно дете во јули кое загина од заталкан куршум не ја спречија повторната употреба на оружје на свадби и последиците од тоа по луѓето и нивните имоти во гостиварско. Жителите од овој регион и понатаму пукаат на семејните веселби, што резултираше со оштетувања на возила и куќи, а при последниот инцидент жена е повредена од огномет.

Имено се расветлуваат поединостите, кој сè пукал на свадбената свеченост и чиј куршум бил смртоносен, а кој ќе одговора за сторено кривично дело убиство.
Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата и обвинителството веќе два месеци се обидуваат да откријат кој од повеќето гости на свадбата во јули пукал, а заталкан куршум усмрти дете од соседството.

„Во тек се интензивни истражни активности што ги води и координира гостиварскиот Јавен обвинител. Имено се расветлуваат поединостите, кој сè пукал на свадбената свеченост и чиј куршум бил смртоносен, а кој ќе одговора за сторено кривично дело убиство“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Тој вели дека полицијата постојано се труди со превентивни апели да им укаже на граѓаните дека огромна е опасноста од било каква употреба на оружје.

Тоа што гледаме зајакнат тренд на употреба на нелегалното оружје, а секако и на легалното оружје, тоа го гледаме како последица токму од таквите погрешни политики и практики.
Џабир Дерала. Цивил.

„Зависно од крајните последици и околности, пукањето може да биде третирано и како кривично дело-предизвикување општа опасност за кое се предвидени затворски казни од 1 до 5 години“, вели Јосифовски.

Култот кон оружјето и насилството е во пораст, а државните институции непропорционално и несуштествено пристапуваат кон проблемот, вели Џабир Дерала од невладината организација Цивил, каде повеќе од еден деценија се работи на подигање на јавната свест поврзана со оружјето.

„Тоа што гледаме зајакнат тренд на употреба на нелегалното оружје, а секако и на легалното оружје, тоа го гледаме како последица токму од таквите погрешни политики и практики. Инаку ние како организација уште во 2003-та година водевме една огромна национална кампања за собирање на нелегалното оружје. Како резултат на таа кампања во соработка со институциите ние за 45 дена како општество собравме 7.500 парчиња оружје. Во 2012 година МВР тоа само го правеше без учество на граѓанскиот сектор и за 365 дена собра 26 парчиња оружје“, потсетува Дерала.

Според проценките на Цивил во Македонија постојат околу 500 илјади парчиња нелегално оружје. Статистиката на умрени лица поради насилна смрт во Македонија покажува 13 убиства во 2013 година, а 35 во текот на 2014.