По три децении откако беше изграден магистралниот пат Битола –Ресен - Буково, сега темелно ќе се реконструира. Започнаа подготвителните активности, патот е забранет за сообраќај, а возилата пренасочени по стариот патен правец, но сè уште не започнаа градежните активности. Дел од битолчани сметаат дека со ова ќе се подобри инфраструктурата, но други мислат дека е предизборен проект на власта.
Да се надеваме дека ова не е политички маркетинг, туку ќе добиеме нов пат.анкетиран граѓанин.
„Петнаесет дена го имаат затворено патот, иако нема градежна механизација, нити се започнати градежни зафати. Возиме по стариот пат и има гужва голема. Да се надеваме дека ова не е политички маркетинг, туку ќе добиеме нов пат.“
„Ова е убава работа. Ќе се направи нов пат првпат по 30 години за Ресен ќе имаме нов пат. Ќе се поврземе подобро за Охрид и побрзо ќе патуваме.“
„Десет години се на власт, зошто досега не го направија патот?“, коментираат битолчани.
Практично се реконструира и дотерува патниот правец Битола - Охрид. Тој пат го врзува целиот регион и во овие динамични времиња е од исклучително значење за развој на економијата, образованието, туризмот.Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Додека не се реконструира патот, сите оние кои со возила минуваат низ Битола тринаесетина километри ќе мораат да возат по најстариот пат кој води за Ресен. Тој е тесен со кривини и сообраќајот многу бавно се одвива по него.
Од општина велат дека ова е проект на Владата и ќе биде од големо значење за Битола.
„Тоа е значаен проект за Општина Битола. Се работи за голема должина од 23 километри. Се работи за две фази, едната од Битола до Макази, а другата од Ресен-Буково. Практично се реконструира и дотерува патниот правец Битола - Охрид. Тој пат го врзува целиот регион и во овие динамични времиња е од исклучително значење за развој на економијата, образованието, туризмот“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Ова е проект на Владата, а за реконструкција на пет магистрални патишта низ земјава во должина од 70 километри обезбедени се 22 милиони евра од кредитната линија на Светска банка.