Неопходно е заедничко регионално и европско решение на кризата со илегалните мигранти беше заклучокот од средбата на министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија која се одржа во Охрид. Тие рекоа дека подигањето на ѕидови нема да ја запре миграцијата, туку може само да ја забави истата и на мигрантите да им даде можност да најдат нови патишта на поминување.
Ние како Македонија ќе најдеме начин да се справиме со оваа последна ескалација на трендовите.Митко Чавков, министер за внатрешни работи на Македонија.
Македонија сега се соочува со нов наплив на илегални мигранти на македонско грчката граница. Министерот Чавков уверува дека се подготвени да се справат и со новата ситуација.
„Ние правиме максимални напори за соодветен пристап во прифаќањето, регистрација и третманот на оваа бројка која е над нашите капацитети. Персонални капацитети не само од гранична полиција, туку и од другите единици од МВР се насочени на јужната граница. Ние како Македонија ќе најдеме начин да се справиме со оваа последна ескалација на трендовите“, рече Митко Чавков, министер за внатрешни работи на Македонија.
Оваа година азил побарале 150. 000 луѓе и секако тоа е голема обврска на Унгарија и како членка на ЕУ и како членка на Шенген.Кристина Берта, претставник на МВР на Унгарија.
На средбата беа договорени конкретни чекори како што се финансиска и техничка подршка за државите, зајакнување на координацијата во идентификувањето и сузбивањето на организираните криминални мрежи, хуманитарен третман на мигрантите и подобра координација помеѓу државите.
„Во Австрија од 300 до 500 лица дневно поднесуваат барање за азил. Ситуацијата која моментално се случува е навистина голем проблем за државите членки посебно за национално ниво. Ова е голем предизвик кој државите сами не можат да го решат“, рече Јохана Микл-Лаитнер, министер за внатрешни работи на Австрија.
Не може никој да очекува дека нашите две држави ќе го преземат најголем дел од товарот за справување со миграции од овој облик.Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.
Се работи за европски проблем и затоа е потребен европски одговор рече Кристина Берта, претставник на МВР на Унгарија.
„Оваа година азил побарале 150. 000 луѓе и секако тоа е голема обврска на Унгарија и како членка на ЕУ и како членка на Шенген. Се обидуваме да бидеме повеќе ефикасни и да се спречи илегално поминување на европските граници, но за бегалците да обезбедиме заштита во рамките на меѓународните конвенции“, рече Берта.
Сакаме да преземеме дел од товарот, но не може целиот товар да се префрли на Македонија и на Србија, рече српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
„Не може никој да очекува дека нашите две држави ќе го преземат најголем дел од товарот за справување со миграции од овој облик. Всушност мигрантите поминуваат низ две држави членки на ЕУ, а тоа се Грција и Бугарија и кога зборуваме за реадмисија за земји членки на ЕУ би сакале ЕУ да размисли како тие да ги вратат во земјите од каде што доаѓаат“, рече Стефановиќ.
Министрите во Охрид потпишаа меморандум за разбирање посветен за чекорите кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција која ги засега овие земји.