Педесетгодишната Роза и 55-годишниот Љубе Самарџиовски од Битола се брачни другари повеќе од три децении, но тие дури сега одлучија да се венчаат. Одлучија при тоа да направат голема веселба, на која ќе присуствуваат не само нивните блиски, туку многу жители на Општина Новаци и туристи од поширокиот регион. Се пријавија во Центарот за негување на традициите и фолклорот во Битола и станаа главни актери на традиционалната 'Македонска етно свабда'.
Досега такви беа условите, не бевме венчани, сега дојде време да се венчаме, триесет години сме во брак и сега дојде време да се венчаме, многу ми е мило, малку сум возбуден.Љубе Самарџиовски, зет, жител на Битола.
Со песна, оро, со тапани и кавали се играше и пееше цел ден, жителите на Новаци славеа, се веселеа, уживаа, се радуваа. Според традицијата и обичаите, свадбената свита се упати до куќата од деверот, сите до еден дотерани, стокмени во народни носии, да го поканат за веселбата, а потоа со чезата украсена со свежи цветови пак се вратија во дворот од општинската зграда, каде ги чекаше зетот.
„Досега такви беа условите, не бевме венчани, сега дојде време да се венчаме, триесет години сме во брак и сега дојде време да се венчаме, многу ми е мило, малку сум возбуден“, изјави зетот Љубе.
Роден сум во Новаци, заминат сум од овде во 1966 година, тоа е пред 49 години. Па обичајот е сличен како сега, оние старите церемонии што сакам да ги гледам, ме радува тоа најмногу, да си остане оваа традиција за натаму, да ме поканат и за другите венчавки.Мендо Филипоски, кум, иселеник во Австралија.
Кумот Менде Филипоски, според некогашните обичаи, го бричеше зетот, за да биде што поубав пред невестата.
„Роден сум во Новаци, заминат сум од овде во 1966 година, тоа е пред 49 години. Па обичајот е сличен како сега, оние старите церемонии што сакам да ги гледам, ме радува тоа најмногу, да си остане оваа традиција за натаму, да ме поканат и за другите венчавки“, вели Мендо Филипоски, иселеник во Австралија.
А, невестата Роза, ги чекаше сватовите во татковата куќа, поточно во куќата на градоначалникот Лазар Котевски. Тој и сопругата ја презедоа улогата на родители на невестата, па во нивниот двор, на богата закуска пристигнаа сите сватови, таму продолжи веселбата додека деверот се испазари со роднините, колку пари да остави во чевлите од невестата.
„Сето ова е за да ги вратиме традициите. Имаме голема заинтересираност од година во година, овие се постари брачни парови, кои во минатиот систем не се венчани и сега сакаат да се венчаат според сите традиционални обичаи кои ги имаме во Република Македонија и благодарение на сето тоа, тие обележја и традиции, идентитетот македонски го ставаме во преден план“, вели градоначалникот Лазар Котевски.
Овој проект се реализира со финансиска поддршка на локалната самоуправа на Општина Новаци и Центарот за едукација и негување на традициите и фолклорот `Етно Илинден` од Битола.
„Целта е враќање или потсетување на тие стари, подзаборавени обичаи и сметаме дека има венчавката голем ефект, бидејќи слушаме од луѓе дека дел од тие обичаи почнаа на свадбите, на домашните веселби луѓето да ги враќаат, да организираат од тие обреди и обичаи“, истакнува Александар Тодоровски од центарот `Етно Илинден`.
Манифестацијата `Македонска етносвадба` придонесува за развој на туризмот во Новаци, каде последниве две до три години се реализирани многу проекти за туристичка промоција на природните убавини и културното наследство на општина.