Градоначалникот на Струга Зијадин Села и годинава ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Тоа е, вели Села, затоа што албанскиот јазик нема да биде дел од отворањето на фестивалот. Тој смета дека е неопходно фестивалот, покрај на македонски и англиски, да се отвора и на албански, но и на јазиците кои ги зборуваат сите етнички заедници кои живеат во Струга. Според него, во една ваква ситуација не може да има затоплување на односите со раководството на фестивалот.
Јас не гледам никаков проблем Струшките вечери да се отвораат на сите јазици на луѓето кои живеат во Струга, тоа значи македонски, албански, турски, влашки, ромски, од друга страна фестивалот да се води и на македонски и албански и англиски. Македонскиот и албанскиот јазик се два службеници јазика тука во Струга.Зиадин Села, градоначалник на Струга.
„Затоплување на односите може да има само ако имате почит било вие, било Струшките вечери и кон сите граѓани кои живееме овде. Не знам зошто би било проблем за нив тоа. Ако мислат дека е проблематично, не заслужуваат да ги водат Струшките вечери на поезија. Јас не гледам никаков проблем Струшките вечери да се отвораат на сите јазици на луѓето кои живеат во Струга, тоа значи македонски, албански, турски, влашки, ромски, од друга страна фестивалот да се води и на македонски и албански и англиски. Македонскиот и албанскиот јазик се два службеници јазика тука во Струга“, вели Села.
Тој посочува дека секаде се соочувале со неупотребата на албанскиот јазик.
Струшкиот градоначалник е поканет. Ние испративме покана достоинствено како што доликува на фестивалот до сите официјални лица. Сè уште немаме потврда дали ќе присуствува или не.Мите Стевоски, директорот на Струшките вечери на поезијата.
„Мене ме ова враќа во 20-те години на 20 век кога Кралството на Србија не прифаќаше да се учи на албански на овие простори. Кога беа принудени да го потпишат трактатот за правата на малцинствата, интересна е формулацијата, која гласи дека може да се учи во тие места каде има одреден процент на заедници кои зборуваат јазик различен од српскиот може да се учи на тој јазик. Сега сто години подоцна имаме закон кој зборува дека службен јазик е и оној кој го зборуваат над 20 отсто од населението и кој е различен од македонскиот. Дали еволуира ова општество или сме уште на крајот на првата светска војна“, вели Села.
Мите Стевоски, директорот на Струшките вечери на поезијата, не сака да ги коментира изјавите на Села. Тој најави само дека годинава фестивалот ќе донесе многу новини и интересни содржини.
„Струшкиот градоначалник е поканет. Ние испративме покана достоинствено како што доликува на фестивалот до сите официјални лица. Сè уште немаме потврда дали ќе присуствува или не. Тоа е еднакво како и сите други. Ние сме ги испочитувале сите“, вели тој.
РСЕ: Нема да има обраќање од страна на градоначалникот?
„Такво обраќање нема веќе четири години“, вели Стевоски.