Македонија ги затвори границите за мигранти

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници мигранти заглавени на границата со Грција

Кризна состојба е прогласена и на јужната и на северната граница, одлучила Владата. МВР и Армијата заедно ќе патролираат долж границите и ќе се обидуваат да го блокираат влезот на мигрантите на земјава.

Кризна состојба е прогласена и на јужната и на северната граница, а МВР и Армијата заедно ќе патролираат долж границите и ќе се обидуваат да го блокираат влезот на мигрантите на земјава, соопшти портпаролот на МВР Иво Котевски. Целта на оваа одлука е практично да се се засили контролата на самата граница и на пограничниот појас, вели Котевски.

Одлуката на Владата има за цел токму тоа да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите коишто живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на оние лица, илегални мигранти кои влегле во Македонија и изразиле намера за азил.
Иво Котевски, МВР.

„Одлуката на Владата има за цел да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите кои што живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на оние лица, илегални мигранти кои влегле во Македонија и изразиле намера за азил. “

Причини за одлуката на Владата е зголемениот притисок од мигрантите на јужната граница. Само за 24 часа МВР издаде 1.327 потврди, а за последните два месеци вкупно 41. 414 странски државјани изразиле намера за барање азил.

Сега се враќаме на периодот пред 19 јуни, сега ќе цвета криумчарењето, ќе цвета тој криминал. Сега повторно Гази Баба ќе биде полна, бидејќи бегалците ќе најдат начин како да влезат во Македонија и како да излезат од земјава, така што со оваа одлука повторно ќе биде загрозена нашата безбедност, со голем број криумчари на терен, мафија којашто ќе ги напаѓа на неконтролирани места. Вака бегалците беа стационирани на одредени места.
Мерсиха Смаиловиќ, „ Легис“.

Оваа одлука ќе ја спроведува Главен Штаб кој ќе биде сочинет од АРМ и полиција. За трошоците допрва ќе се утврдува, бидејќи досега МВР како една од институциите со најбитни ингеренции за контролирање на границата се соочуваше со огромни месечни трошоци заради зголемениот ангажман на полицајци, возила, опрема итн, вели Котевски. Според проценките, додава тој, трошоците во изминатите месеци изнесуваат околу 800 илјади евра месечно, само за ангажманот на полицијата за обезбедување на јужната граница.

Невладините и хуманитарни организации кои издејствуваа донесување на измените на законот за азил велат дека со оваа одлука се прави чекор назад. Мерсиха Смаиловиќ од невладината Легис вели дека оваа одлука им оди во прилог на криумчарите и нивниот нелегален бизнис.

„Сега се враќаме на периодот пред 19 јуни. Сега ќе цвета криумчарењето, ќе цвета тој вид криминал. Сега повторно Гази Баба ќе биде полна, бидејќи бегалците ќе најдат начин како да влезат во Македонија и како да излезат од земјава, така што со оваа одлука повторно ќе биде загрозена нашата безбедност, со голем број криумчари на терен, мафија која што ќе ги напаѓа на неконтролирани места. Вака бегалците беа стационирани на одредени места“, вели Смаиловиќ.

Инаку, како што јавуваат локалните медиуми, на македонско-грчката граница илјадници бегалци биле наредени долж граничниот појас и се обидувале да влезат во Македонија. Според активистите на терен, во Гевгелија веќе неколку дена има специјалци кои што до денеска се грижеле само за јавниот ред и мир. Меѓународната пруга Солун-Скопје е блокирана од неколку илјади бегалци, а на грчка територија веќе биле заглавени два товарни и еден патнички воз. Пристигнала и грчката патролна полиција за да ги извести македонските полициски структури за ситуацијата од другата страна на границата.

По одлуката на Владата за затворање на границата со Грција, железничката станица во Гевгелија, каде изминатиов период имаше многу мигранти, денеска е празна.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Затворени граници, Железничката во Гевгелија празна