Запознајте ги заложниците на Путин

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Запознајте ги заложниците на Путин

Еден е полицаец, еден е режисер, а еден е пилот. Тие илегално се киднапирани и неправедно затворени од странска земја, нивните животи се нарушени, а нивната судбина е неизвесна. Станува збор за заложници на рускиот претседател Владимир Путин, двајца мажи и една жена кои, како што пишува нашиот коментатор Брајан Вајтмoр, станаа жртви на џихадот на лидерот во Кремљ против меѓународните правила, норми и закони.

Во изминативе неколку години Путин направи многу шокантни и вознемирувачки работи. Тој е прв лидер по Адолф Хитлер кој со употреба на сила анектира територија на друга држава во Европа.

Путин започна сосема фабрикувана војна во источна Украина во која загинаа илјадници. Тој ја турна Русија во една апсурдна спирала на ксенофобија, нетолеранција и репресија.

Путин започна сосема фабрикувана војна во источна Украина во која загинаа илјадници. Тој ја турна Русија во една апсурдна спирала на ксенофобија, нетолеранција и репресија.

Сега стана и киднапер, функционален еквивалент на шеф на меѓународен криминал.

Полицискиот службеник

Москва тврди дека Естон Кохвер бил естонски шпион и дека бил фатен при вршење шпионажа на руска територија. Единствено нешто за што тој е виновен е дека си ја вршел работата.

Тој како офицер на естонската служба за внатрешна безбедност во времето на неговото киднапирање истражувал шверцерска мрежа на руските групи на организиран криминал во Естонија.

Во септември лани тој беше наместен и во близина на естонско-руската граница под закана на оружје префрлен во Русија. Во средата тој за шпионажа беше осуден на 15 години затвор.

Русија тврди дека Олех Сенцов бил терорист. Единствено нешто за што тој е виновен е храброста отворено да се спротивстави на нелегалната анексија на територија од неговата татковина од страна на Москва.

Режисерот

Русија тврди дека Олех Сенцов бил терорист. Единствено нешто за што тој е виновен е храброста отворено да се спротивстави на нелегалната анексија на територија од неговата татковина од страна на Москва.

Тој е познат украински режисер и татко на две деца. Роден на Крим, Сенцов беше силен поддржувач на прозападното Евромајдан востание во Украина.

Тој беше киднапиран на улица во Симферопол од руските безбедносни агенти во мај лани.

Адвокатите на Савченко велат дека нејзините записи на мобилен телефон и видео снимките покажуваат дека таа веќе била во заробеништво, кога беа убиени новинари. Таа се соочува со 25 години затвор.

Неколку денови потоа се појави во притвор во Москва при што беше обвинет за подметнување пожари во просториите на партијата Обединета Русија и на Руската заедница на Крим.

Клучниот сведок против него Хенадиј Афанасиев на судењето го повлече исказот наведувајќи дека го дал под принуда. Сепак, Сенцов се соочува со казна затвор од 23 години.

Пилотот

Од тројцата заложници на Путин, најпозната е Надја Савченко. Москва вели дека Савченко е убиец. Таа не е.

Единственото нешто за што е виновна е тоа што го ризикувала животот за независноста на нејзината земја.

Првата жена воен пилот на Украина, Савченко беше волонтер во борбите, против проруските сепаратисти во Донбас.

Таа била во мисија на спасување украински војници кога била заробена од сепаратистите во близина на селото Металист во областа на Луганск во средината на јуни лани.

Неколку недели подоцна во Русија беше обвинета дека бил соучесник во смртта на двајца руски новинари, кои беа убиени во напад со минофрлач.

Адвокатите на Савченко велат дека нејзините записи на мобилен телефон и видео снимките покажуваат дека таа веќе била во заробеништво, кога беа убиени новинари. Таа се соочува со 25 години затвор.

Фер игра

Освен што се жртви на киднапирачката треска на Путин, тројцата имаат уште нешто заедничко.

Сите тие се родени во Советскиот Сојуз, а сите се лојални, успешни, и продуктивни граѓани на нивните нови независни држави.

И за Путин, кој смета дека распадот на СССР е трагедија, ова е доволно за кривично дело.

Но, за сите нас, тие се заложници кои беа нелегално киднапирани од се „поопасна непријателска држава“.