Осуда по наводите за погубувањето на Салопек

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Осуда по наводите за погубувањето на Салопек

Жителите на село Врпоље се шокирани откако египетска група поврзана со милитантите на Исламската држава објави фотографија на која, како што е наведено, било телото на обезглавениот хрватски заложник Томислав Салопек.

Триесетгодишниот Томислав Салопек работел во Египет за една француска компанија која е специјализирана за нафтена геологија.

Неизвесноста околу тврдењата за неговото обезглавување остава само трошка надеж кај неговите пријатели и роднини.

„Секако ова вест е шок за целото семејство, но не губиме надеж“, вели неговиот сосед и пријател Жарко Мандариќ.

Салопек беше киднапиран на 22 јули додека патувал за Каиро.

Ние очигледно со најсилни можни термини ги осудуваме ужасното насилство и бруталноста што милитантите на Исламската држава продолжуваат да ги спроведуваат низ целиот регион. САД се рамо до рамо со Хрватска, со Египет и со сите наши партнери и пријатели во борбата против тероризмот .
Марк Тонер, заменик портпарол на Стејт департментот.

Потоа тој беше прикажан на видео снимка на која вели дека ќе биде обезглавен доколку не бидат ослободени сите муслимански затворенички од затворите во Египет.

„Ова дојде како шок за нашето село и за цела Хрватска, но најмногу за неговите родители и за неговото семејство“, вели Јосип Мијиќ.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ во Сплит ја потврди решеноста на хрватските власти да продолжат во потрагата по вистината за судбината на Салопек се додека, како што рече, постои и најмала надеж дека тој би можело да е жив.

Соединетите Држави соопштија дека биле свесни за извештаите оти хрватски државјанин наводно бил погубен од египетскиот огранок на Исламската држава.

„Ние очигледно со најсилни можни термини ги осудуваме ужасното насилство и бруталноста што милитантите на Исламската држава продолжуваат да ги спроведуваат низ целиот регион. САД се рамо до рамо со Хрватска, со Египет и со сите наши партнери и пријатели во борбата против тероризмот “, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

На фотографијата која циркулираше на Твитер со телото на обезглавениот Салопек пишувало: „Убивање хрватски заложник поради учеството на неговата земја во војната против Исламската држава и откако измина поставениот рок“.

Веднаш до фотографијата имало поставено наслови на новински текстови како: „Хрватска ја потврдува нејзината поддршка за Египет во напорите да се бори против тероризмот и екстремизмот“ и „Хрватска ја потврдува поддршката за Курдистан“.

Во минатиот декември групата која се нарекува Провинција Синај соопшти дека била одговорна за убивањето американски нафтен инженер чие тело беше најдено во автомобил во пустината скоро четири месеци пред тоа.

Провинцијата Синај ги предводи исламските милитанти во Египет. Таа во измавнативе две години, односно по воениот пуч со кој беше симнат од власт претседателот на Египет Мохамед Мурси, од Муслиманското братство, убила стотици војници и полицајци.