Македонија, како и регионот и светот, не се исклучени од сериозните закани и ризици од страна на милитантите на Исламската држава, велат од Министерството за внатрешни работи. Исламската држава преку видео објавено на Јутјуб насловено „Ние сме исламски хилафет – касида“ се закани дека ќе ја освои Македонија и другите земји од регионот и ќе воспостави шеријат.
МВР и службите за безбедност на Македонија секојдневно соработуваат, не само со службите од регионот, туку и пошироко, како во однос на размена на оперативни сознанија и информации, така и во однос на преземање на превентивни мерки за справување со овие закани.Иво Котевски, портпарол на МВР.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вели дека Македонија е дел од глобалната мрежа во борбата против тероризмот и земјата се соочува со истите закани и ризици како и другите земји.
„МВР и службите за безбедност на Македонија секојдневно соработуваат, не само со службите од регионот, туку и пошироко, како во однос на размена на оперативни сознанија и информации, така и во однос на преземање на превентивни мерки за справување со овие закани“, вели Котевски.
За жал само Македонија не покажа никаков ефект, односно апсење, спречување на терористичките закани, а секојдневно гледаме дека наши државјани се апсени од страна на косовските власти пред неколку дена. Потоа имавме пред месец дена апсење во Италија на наш државјанин поврзан со Исламската држава и дури имаше апсење и во Австралија на наш државјанин.Владимир Пивоваров, универзитетски професор.
Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров вели дека заканата е реална и тоа се гледа и во меѓународните извештаи каде се наведува дека Балканот е најголемиот расадник на регрутирање на борци во редовите на Исламската држава.
„За жал само Македонија не покажа никаков ефект, односно апсење, спречување на терористичките закани, а секојдневно гледаме дека наши државјани се апсени од страна на косовските власти пред неколку дена. Потоа имавме пред месец дена апсење во Италија на наш државјанин поврзан со Исламската држава и дури имаше апсење и во Австралија на наш државјанин, што укажува дека нашите служби се многу далеку од решавање на ваквиот проблем“, вели Пивоваров.
Според Котевски, МВР заедно со меѓународните партнери има капацитет да се справи со заканите.
„Но, заканите и ризиците продолжуваат да постојат сè додека постои проблемот, односно сè додека има лица коишто со радикални мерки и терористички акти се обидуваат да ги остварат своите интереси“, вели Котевски.
Пивоваров смета дека во службите постои реален проблем, бидејќи законот за лустрација им ги одземал оперативните врски и голем број на професионалци се пензионирале преку ноќ, а ги смениле други кои не се соодветно едуцирани.
„Политичарите треба еднаш засекогаш да сфатат дека безбедносните служби се сопственост на државата, а не на политичката партија и исклучително да работат согласно законот и целите и задачите кои им се предвидени со тие закони“, додава Пивоваров.
Тој порачува дека e потребно професионализирање на службите и иако процесот е подолг тоа е единственото решение.