Крајно шокирани сме од одлуката поранешниот директор на Царина, Ванчо Каргов да извршува дипломатска функција, велат од Синдикатот на македонската дипломатска служба. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека Каргов заминува во дипломатијата, без да прецизира каде и дека е отворен огласот за негова смена како претседател на Инспекцискиот совет.
Така што има број на дилеми и очигледни контроверзи од законски аспект и автоматски денеска упатуваме и жалба до раководството со барање, ако Каргов е се уште во земјата веднаш да се запре постапката додека не се утврди дали се исполнети сите законски услови.Сашко Тодоровски, претседател на Синдикатот на македонската дипломатска служба.
Претседателот на Синдикатот на македонската дипломатска служба Сашко Тодоровски вели дека Законот за надворешни работи предвидува преземање на експерти во дипломатската мрежа, меѓутоа не е јасно зошто е потребен царински експерт. Но, според него најмногу загрижува фактот што Каргов беше осуден на три месеци условна затворска казна, која нема да се изврши доколку тој не стори прекршок во рок од година ипол. Не само што тој условен период се уште трае, вели Тодоровски, туку Каргов не ги исполнува условите за безбедносен сертификат без кој не може да биде упатен во дипломатско конзуларно претставништво.
„Така што има број на дилеми и очигледни контроверзи од законски аспект и автоматски денеска упатуваме и жалба до раководството со барање, ако Каргов е се уште во земјата веднаш да се запре постапката додека не се утврди дали се исполнети сите законски услови. Доколку тој заминал да се прекине постапката за негово евентуално пријавување во земјата на прием, затоа што тоа може крајно да не дискредитира и како земја и како служба“, вели Тодоровски.
Груевски сака да тактизира да направи смена на луѓето за да се види дека ете ги менуваат функционерите. Меѓутоа доктрината останува иста. Доктрината на ова едноумие е иста. Луѓето може да се сменат, но доктрината останува иста.Арсим Синани,универзитетски професор.
Професор Арсим Синани вели дека Груевски на овој начин сака да му се заблагодари на Каргов за досегашната работа, но се работи и за тактизирање со цел да се обезбеди подобра позиција пред изборите.
„Груевски сака да тактизира да направи смена на луѓето за да се види дека ете ги менуваат функционерите. Меѓутоа доктрината останува иста. Доктрината на ова едноумие е иста. Луѓето може да се сменат, но доктрината останува иста“, вели Синани.
Според Тодоровски, во случај се користи дипломатската служба за справување со непожелните кадри.
„Човек со правосилна затворска пресуда како може било кому па дури и на оваа власт да и конвенира мене дефинитивно не ми е јасно и оттука би рекол дека повеќе се работи на користење на дипломатската мрежа за да се оддалечат определени непожелни кадри“.
Тодоровски порачува дека прашањето ќе го постават и пред членството на синдикатот. Каргов беше осуден за злоупотреба на службената должност. Објавен е и оглас за нов директор на УЈП, а претходно и министерот за информатичко општество Иво Ивановски најави оставка од функцијата.