Скопјани нерационално трошат вода

И не станува збор за лична хигиена или за цвеќето и тревата по дворчињата во градот, ами за пукнатите цевки на водовод, па за водата од хидрантите која граѓаните не ја плаќаат, а ја злоупотребуваат за перење теписи и автомобили.

Во овие денови на високи температури и водата се троши нерационално. „Водовод и канализација“ бележи дека оваа година поради енормно високите температури во однос на минатата година во јули потрошувачката на вода е зголемена во просек дневно од 4 илјади метри кубни, се вели во нивното соопштение.

Дефинитивно не се користи рационално, особено на јавните површини каде треба да се внимава. Се оставаат црева или наводнуваат подолго време, но не се внимава, поплавени се и зелени површини и тоа е така оставено. Мислам, мора да се внимава дефинитивно.
Анкетиран граѓанин.

Инспекторите на претпријатието ја контролирале потрошувачката на вода и констатирале дека одреден дел од корисниците водата ја злоупотребуваат за наводнување на своите земјоделски и дворни површини и оти таква злоупотреба се забележува во руралните и приградските средини. Од таму предупредуваат дека во повисоките зони од Скопје може да дојде до намалување на притисокот на вода и дека се принудени да прават контроли и да спроведуваат акции за исклучување.

Но и во секоја населба може да се забележат луѓе како со водата од градскиот водовод полеваат цвеќиња, дворови, перат автомобили, а други дека ги полеваат зелените површини, велат граѓаните.

Јас сум во Тафталиџе. Веќе цела недела има три цевки што се пукнати, буквално ниту има некој дојдено, ниту има санирано, вода тече, сè е поплавено. Тоа се цевки што се јавни, никој не реагира. Треба од сите страни да се посвети внимание.
Анкетран граѓанин

„Баш денеска сабајле се расправав со еден станар, цревото цел ден го пуштаат, наводнуваат надвор, си перат теписи, се троши водата енормно нерационално.“

„Дефинитивно не се користи рационално, особено на јавните површини каде треба да се внимава. Се оставаат црева или наводнуваат подолго време, но не се внимава, поплавени се и зелени површини и тоа е така оставено. Мислам, мора да се внимава дефинитивно“, велат анкетираните.

Меѓутоа има граѓани кои мислат дека во овие денови на тропски температури нема ништо невообичаено во големата потрошувачка на вода.

„Мора од таа вода што пиеш и да полеваш. Инаку се суши. Не заврна оваа година“, вели еден граѓанин.

Нерационалната потрошувачка на вода го загрозува снабдувањето со вода на сите граѓани бидејќи водата е единствен и незаменлив природен ресурс со ограничени количини.

Од „Водовод“ велат дека капацитетот на Рашче ги задоволува потребите за водоснабдување, но според ова претпријатие, водата е ресурс кој има свои граници и оти поради тоа граѓаните мора рационално и наменски да ја користат водата за лични, хигиенски и санитарни потреби. Од таму особено апелираат граѓаните дворните површини да ги полеваат со техничка вода од бунари.

Дел од граѓаните, пак, реагираат дека ненаменска и нерационална потрошувачка на вода има и поради пропусти и во делот на одржувањето на инфраструктурата и дека никој не реагира.

„Јас сум во Тафталиџе. Веќе цела недела има три цевки што се пукнати, буквално ниту има некој дојдено, ниту има санирано, вода тече, сè е поплавено. Тоа се цевки што се јавни, никој не реагира. Треба од сите страни да се посвети внимание“, вели анкетирана граѓанка.

А нерационалното трошење вода носи и високи сметки.