Летен хаос во Куманово

Гласна музика до утринските часови, повремени истрели од огнено оружје, недостаток на вода и улици со дупки е сликата на Куманово летово.

Куманово ни малку не наликува на европски модерен град, ниту пак на град кој живее во 21 век. Хаос е насекаде. Премногу врева, гласна музика до утринските часови, повремени истрели од огнено оружје, недостаток на вода, нема почитување на сообраќајните правила, улиците се со дупки или крпеници, а и полиција како да нема воопшто.

Во Куманово во јули и август е вистински хаос. Пречи. Јас сум во Диво Насеље, музика до 3-4 часот наутро и таму се пука. Синоќа како топови да пукаа, а не пиштоли. Со оружје се пука. Се веселат, некои велат дека се свадби, родендени, сунети.
анкетиран граѓанин.

Ова го забележуваат кумановци, но и оние кои го посетуваат градот.

Една Словенка која првпат ја посетува Македонија, а службено помина низ Куманово, додава и дека е невообичаено и тоа што таксистите возат без вклучен таксиметар. За Ана Вовк најдобар впечаток во сиот хаос е срдечноста на луѓето и нивната насмевка, без оглед колку и да им е тежок животот.

Граѓаните на Куманово по сè изгледа индиферентно се вклопуваат во хаосот. Им пречи, но како што велат, немаат друг избор.

Убав е градот. Не е многу среден. За нередот народот е виновен повеќе.
анкетиран граѓанин.

„Што се однесува до сообраќајот, откако се плаќа паркингот во центарот, тротоарите не се толку зафатени. За комуналната хигиена, пред дуќаните ние самите си метеме. Карактеристично за летен период.“

„Има многу гласна музика навечер, а ништо не се презема. Во делот каде што јас живеам нема полиција воопшто. Да ти затреба за нешто, нема полиција да видиш по улица.“

„Со шишиња се тушираме. Не би требало, но тоа ни е.“

„Во Куманово во јули и август е вистински хаос. Пречи. Јас сум во Диво Насеље, музика до 3-4 часот наутро и таму се пука. Синоќа како топови да пукаа, а не пиштоли. Со оружје се пука. Се веселат, некои велат дека се свадби, родендени, сунети“, велат анкетираните.

На помладите, пак, помалку им пречи хаосот.

„Убав е градот. Не е многу среден. За нередот народот е виновен повеќе“, вели еден млад човек.

Анкетираните граѓани колку и да сакаат да живеат во поубав и поуреден град, вината за хаосот ја гледаат како во надлежните, така и во нив самите. Свесни се дека многу работи се за менување, но не знаат кој тоа треба да го започне. До тогаш кисело се насмевнуваат и ги туркаат деновите како што мораат.