Туристите во Охрид полесно до здравствена заштита

Во Фондот за здравство во Охрид веќе е назначено лице за комуникација со странските туристи кои би имале потреба од услуги на Фондот.

За гостите кои оваа туристичка сезона престојуваат во Охрид ќе има брза и навремена здравствена заштита. Сашо Стефаноски, директор на Фондот за здравство на Македонија, неодамна од Охрид рече дека е исто така многу важно гостите ова лето секој лек да можат да го обезбедат навреме. Во Фондот за здравство во Охрид веќе е назначено лице за комуникација со странските туристи кои би имале потреба од услуги на Фондот. Исто така ќе се обезбеди и поголема достапност на лекови во селото Пештани каде исто така има поголем проток на туристи.

Понудата покрај туристичка треба да биде и грижа за здравјето на нашите осигуреници. Да видиме дали нашите служби и генерално здравството во Охрид е на ниво да одговори на барањето на луѓето кои се гости во Охрид.
Сашо Стефановски, директор на ФЗОМ.

„Понудата покрај туристичка треба да биде и грижа за здравјето на нашите осигуреници. Да видиме дали нашите служби и генерално здравството во Охрид е на ниво да одговори на барањето на луѓето кои се гости во Охрид. Второ се оние кои се странските гости, а на кои работиме да ги привлечеме да дојдат во Охрид и за нив исклучително е значајно функционирањето на ФЗО, посебно во Охрид. Преку Фондот доколку имаат проблем со нивното здравје можат многу лесно да го остварат правото на здравствена заштита во здравствените установи во Охрид со пријавување во Фондот и со подигање на двојазичниот образец кој им стои на располагање во Фондот, рече Стефаноски.

Болница во Охрид.

И туристичките работници од Охрид сметаат дека е неопходна побрза и поквалитетна здравствена заштита за странските туристи кои ќе престојуваат во Охрид.

Љупчо Јузмески, туристички работник, вели дека е многу значајно овие прашања да се регулира.

„Странските гости ќе дојдат со нивно осигурување, осигурувањето ќе им покрива сè. Но оние активности околу наплата, исплата, кој треба да ја плати услугата на доктори како што се преврски, бидејќи се случуваат такви работи мислам дека треба да се малку поевтини со тоа што треба да имаат туристичко осигурување исто како ние што вадиме кога одиме во странство. Тогаш тие би си го покриле во државата од каде доаѓаат преку билатерални или мултилатерални договори. Треба да се држиме до тие стандарди и тие да можат да ги покриваат, вели Јузмески.

Јузмески вели дека Охрид деновиве се наоѓа во шпицот на туристичката сезона.