Австралиска помош за лицата со попреченост во Охрид

Со проектот се обезбедува дневна грижа, бесплатна социјална услуга и професионална нега на лицата со попреченост.

Охрид настојува да стане град без бариери за лицата со попреченост во развојот. Токму ваков проект реализираат заедно Општината Охрид и дневниот центар Зраци, а со финансиска подршка на Амбасадата на Австралија во Белград. Основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности и едукација преку индивидуална и групна работа.

Ние за волја на вистината во изминатите две години интензивно го правиме тоа и во постојана комуникација сме со такви невладини организации, но морам да кажам дека тоа не е доволно.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Со проектот се обезбедува дневна грижа, бесплатна социјална услуга и професионална нега на лицата со попреченост. Тука е и зголемувањето на јавната свест за потребите на лицата со попреченост преку организирање јавни дискусии. За реализирање на целите ангажирани се две лица, дефектолог и социјален работник, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Ние за волја на вистината во изминатите две години интензивно го правиме тоа и во постојана комуникација сме со такви невладини организации, но морам да кажам дека тоа не е доволно. Со реализација на овој проект ќе се подобри животот на лицата со посебни потреби, но за да се зголемат нивните можности треба да земат учество и останатите институции во градов и пошироко, како и поединци“, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Ние во Австралија обрнуваме посебно внимание за заштита и почитување на правата на граѓаните со попреченост во развојот и малцинските групи.
Џулија Фини, амбасадорка на Австралија во Белград.

Амбасадорката на Австралија во Белград, Џулија Фини рече дека од фондот на амбасадата поддржале ваков проект и оти со таквата практика ќе продолжат и во иднина. Општина Охрид доби финансиски средства од австралиската амбасада во износ од 7.200 австралиски долари наменет за Дневниот центар „Зраци“ за згрижување на лица со посебни потреби.

„Ние во Австралија обрнуваме посебно внимание за заштита и почитување на правата на граѓаните со попреченост во развојот и малцинските групи, па затоа не случајно сме на третото место во светот по почитувањето на човековите права и практикувањето на демократијата. Се разбира дека тоа е долготраен процес во кој мора да се изгради јавната свест, а државата да обезбеди законска рамка која ќе обезбеди соодветна заштита на ранливите категории граѓани“, рече Фини.

Зоран Костадиновски од дневниот центар „ Зраци“ смета дека центрот мора да работи во континуитет.

„Дневниот центар „Зраци“ мора да работи во континуитет доколку сакаме да има добри резултати. Ние сме на некој начин на почеток во некои такви работи.Ваков тип на сервисни служби има многу врсти.Почнавме сое ден ваков дневен центар во кој имаме целодневно згрижување на 15 лица со интелектуална попреченост.Вложуваме максимални напори да им помогниме на нашите штитеници. Брзо учиме од примерите на поразвиените земји,рече Костадиноски.

Градоначалникот Бакрачески вели дека во последните две години општината финансиски и логистички ги поддржува сите здруженија на лицата со пречки во развојот во рамките на своите можности.