Достапни линкови

Млади невработени ќе работат со ранливи категории


Во Куманово се спроведува проект за вработување на млади кои треба да работат со лица со интелектуална попреченост и со деца Роми.

Шестмесечниот проект „Општествено корисна работа“ за вработување млади и неискусни лица кои бараат работа и сакаат да работат со возрасни лица со интелектуална попреченост и со децата Роми како ранлива категорија во Општината Куманово невообичаено заинтересираноста е голема, вели Фросина Трајковска, вработена во локалната администрација.

Со лицата со попречености ангажманот ќе биде во двата дневни центри во кои престојуваат овие лица, додека со децата Роми ќе се работи секаде каде што тие живеат.
Фросина Трајковска, Општина Куманово.

Таа додава дека придобивката е на двете страни. Младите преку скратено работно време ќе се стекнат со пракса, а лицата со кои ќе работат пак ќе добијат поголемо внимание и помош за вклучување во социјалниот живот. Заинтересираноста на неискусните баратели работа ги нарушува до неодамна постоечките стереотипи и предрасуди за работа со оваа категорија граѓани. Трајковска додава дека иако овој проект е со одреден рок, интенција е да се востанови континуитет за во иднина.

„Со лицата со попречености ангажманот ќе биде во двата дневни центри во кои престојуваат овие лица, додека со децата Роми ќе се работи секаде каде што тие живеат.“

Вкупна бројка на крајни корисници е 300, со нив ќе работат 15 лица. Менторите кои ќе работат со Ромите ќе бидат теренски поврзани.
Фросина Трајковска, Општина Куманово.

Трајковска вели дека целта на проектот „Општествено корисна работа“ е да се институционализираат и формализираат активности со лицата со интелектуална попреченост и да се воспостави посериозен пристап кон образованието на децата Роми. Со вакви проекти се пристапува и кон елиминирање на дискриминацијата и на лицата со интелектуална попреченост и на Ромите.

„Вкупна бројка на крајни корисници е 300, со нив ќе работат 15 лица. Менторите кои ќе работат со Ромите ќе бидат теренски поврзани.“

Целта е и возрасните лица со попречености да бидат вклучени во образование, за што се изготвени соодветни програми, токму од претходно ангажираните лица кои изразиле желба да работат со нив како едукатори и асистенти. Трајковска вели дека во минатото лицата со попречености биле во сенка, затворени во семејните кругови, за нив малку се знаело дека воопшто постојат. Состојбата последната деценија е сосема поинаква.

„Ефектите се револуционерни. Со овие проекти тие првпат стапнаа во спортски сали, а не само да бидат пасивни телевизиски гледачи на спортски активности. Со музички и други перформанси каде што тие учествуваа и се воодушевуваа на ракоплескања, се почувствуваа дека постојат.“

Лицата со интелектуална попреченост благодарни на вниманието што им се укажува, се однесуваат одговорно и настојуваат што подобро да го реализираат она што им било предочено или зададено од нивните ментори. Што се однесува до Ромите, преку овие проекти, тие пак, ќе можат да почувствуваат дека нивните човечки права не се нарушени.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG