Поголема ефикасност во наплатата на радиодифузна такса и поголеми приходи во Македонската радио телевизија ќе обезбедат поголем програмски квалитет и исполнување на законските обврски на јавниот сервис кон граѓаните. Ова се дел од заедничките ставови на претставниците на институциите кои ја регулираат работата на јавниот сервис како и на директорите на МРТ, изнесени на денешната дебата за тоа какви реформи и се потребни на државната телевизија.
Во однос на забелешките коишто ги имаат за јавниот радиодифузниот сервис, веќе имаме направено една помала работна група за којашто ги согледуваме практиките во Европа на јавни радио-дифузери, како тоа тие го имаат регулирано кај нив.Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
Македонската телевизија располага со 14,5 милиони евра на годишно ниво, од кои 9 се од наплатата на радиодифузната такса. Тоа не е доволно за стабилност во работата на МРТ, велат претставниците на власта. Сега граѓаните можат да ја плаќаат преку интернет и состојбата со наплатата е далеку подобра, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски истакнувајќи дека таа се зголемува. Тој прецизираше дека од 2011 година до сега таа се зголемила за повеќе од 50 отсто.
Но, на прашањето за критиките во извештаите на Европската комисија и на другите меѓународни организации во кои се вели дека јавниот сервис нецелосно ја одигра улогата во обезбедување на избалансирана информативна медиумска содржина и дека постои политичка пристрасност, Ивановски не даде конкретен одговор.
Убедени сме дека изворот на проблемите во МРТ лежи во начинот на финансирање и во изборот на раководните органи.Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.
„Во однос на забелешките коишто ги имаат за јавниот радиодифузниот сервис, веќе имаме направено една помала работна група за којашто ги согледуваме практиките во Европа на јавни радио-дифузери, како тоа тие го имаат регулирано кај нив. И има неколку предлози коишто се дел од поголеми европски земји и дел од помали европски земји, како тие тоа го имаат направено и се надеваме дека за брзо време, согледувајќи ги нивните искуства и праксата којашто тие ја имаат, ќе можеме да излеземе со еден предлог тоа да се направи и во Република Македонија“, вели Ивановски.
Јавниот сервис треба да биде независен од разни политички и економски влијанија со цел да се обезбеди институционална и уредувачка автономија, рече претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани. Тој истакна дека Владата не го прифатила предлогот на ЗНМ за оддржливо финансирање на јавниот сервис.
„Убедени сме дека изворот на проблемите во МРТ лежи во начинот на финансирање и во изборот на раководните органи. Овој проблем добре е идентификуван и од Европската комисија во последниот извештај за Македонија, каде се вели дека политиката и финансиската независност на јавниот сервис не се точно определени. Ние сметаме дека МРТ нема оддржлив извор на финансирање. И покрај напорите на раководството, наплатата на радиодифуизната такса е меѓу најниските споредени со јавните сервиси во Европа. МРТ преживува со блок дотациите од Владата што сериозно ја загрозува нејзината независност. Најефикасен начин на финансирање на МРТ е да се одвои еден отсто од националниот буџет, што изнесува околу 30 милиони евра“, вели Селмани.
И Слаѓана Димишкова од Македонската асоцијација на новинарите се согласува дека финансирањето на јавниот сервис треба да изнесува еден процент од буџетот на државата. Во однос на независноста на МРТ таа предлага воведување на нов канал на македонската телевизија каде уредниците ќе бидат предложени од страна на опозицијата.