Сребреница- Можност за меѓусебно смирување или шанса за политичко профитирање

Адмир Фазлагиќ, новинар.

Велат дека нема подобри или полоши народи, туку само различни, тогаш, ајде ние да бидеме од тие што ќе се разликуваат од другите да освен со декларативни изјави деќа ќе работиме напорно да ни биде подобро, да се подготвиме да вртиме нови страници во нашите меѓусебни односи и да ги градиме на цврсти и здрави темели, кои на наредните генерации ќе им овозможат посветла иднина, пишува Адмир Фазлагиќ, новинар, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Одбележувањето на 20 години од геноцидот во Сребреница е настан што дефинитивно предизвика големо внимание во светската јавност. Тргнувајќи од фактот дека таму, во тоа мало место во источниот дел на Босна, страдаа над 8.000 невини луѓе, жртви на луди идеи на умствено пореметени поединци кои во име на својата идеја повикувајќи се на својот народ посегнуваат по туѓите животи, небаре тие им ги подариле, па имаат право со нив да располагаат како сакаат, а од друга страна, за волја на вистината, да бидат подржани од светските институции кои словат за „чувари на мирот“.

Самиот призор во Меморијалниот центар Поточари каде се погребани жртвите од геноцидот зборува многу. Јас, во мојот живот немам слушнато поголема тишина, а погласна тага истовремено.

Со оглед дека за геноцидот во Сребреница се зборуваше многу и во медиумите, уште како мал бев слушнал за овој грозоморен чин, кој и ден денеска не верувам дека нормален човек можел да го направи. Како растев, така и се повеќе дознавав за геноцидот, поконкретно, каде точно се случил, зошто, на кого, како... Трагајќи по одговорите на овие прашања уште пред неколку години кога во Република Македонија за прв пат јавно во организација на Бошњачката културна заедница во Македонија јавно се одбележа 11 јули-Денот на сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница, си ветив на самиот себе си дека во што поблиска иднина морам да ја посетам Сребреница. И ете, оваа година, односно пред неколку дена, здружението за култура, заеднички вредности и одржлив развој „Диван“ по повод одбележувањето 20 години од геноцидот, организираше патување во Сребреница од Скопје. Јас бев еден од педесетмината што вечерта на 10 јули заминаа за Сребреница, каде утредента се одржа погребот на 136 жртви на геноцидот.

Чинам дека е залудно да трошам зборови да ја опишам големата тага на „Мајките на Сребреница“, чија болка никогаш нема да престане, а болката не е само нивна, туку на секој еден човек што се сочуствува со невино страдано цивилно население, одземено право на живот на луѓе кои само сакале да живеат во мир и не можеле да поверуваат дека во нив ќе бидат вперени пушките на нивните довчерашни пријатели, соседи, другари, познаници и сограѓани. Самиот призор во Меморијалниот центар Поточари каде се погребани жртвите од геноцидот зборува многу.
Јас, во мојот живот немам слушнато поголема тишина, а погласна тага истовремено.

Историјата е нашата болна точка. Со нејзе мораме да расчистиме за да имаме порастеретена сегашност и посветла иднина.

Токму тогаш, кога после 20 години се сеќаваме на невино страданите, доаѓаат политичари, сегашни и бивши функционери од многу држави да им одадат чест на заганатите и да изразат сочуство на семејствата на загинатите. Можеби за многумина од Вас тоа е гест на човечност, изразување на соживување и сожалување со тажните судбини на овие луѓе, но извинете, јас не можам да се сложам со тоа кога ќе помислам дека сите тие што сега доаѓаат или сакааат да дојдат во Сребреница кога биле во можност да направат нешто да не се случи овој срам за човештвото, не направиле ништо, туку, напротив, со својата реторика, со своето однесување директно и индиректно го потпомогнале геноцидот над Бошњаците во Сребреница.

Иако немав намера да му давам многу на значење и да го спомнувам премиерот на Србија, Алексадар Вучиќ, сепак, за нештата да станат појасни ќе морам. Повеќето од Вас знае дека Вучиќ е тој што пред точно 20 години, на 20 јули, 1995 година во Собранието на Србија изјави:
„Доколку убиете еден Србин, ние ќе убиеме стотина муслимани! “

Всушност, токму овој политичар својата кариера ја градеше со ваква шовинистичка реторика и успеваше на јавноста да и се наметне како просветител и спасител, како личност која е решителна да во име на иднината го заборави минатото. Добро, ќе речеме. Сето тоа би било „океј“ кога ќе помислиме дека ова се неговите „гревови од младоста“, дека сега тој е созреана личност, која во име на иднината бара помирување со Бошњаците. Според многумина политички аналитичари, ваквиот негов однос е само декларативен, бидејќи неговите постапки и однесувањето на официјаел Белград, се косат со неговите усмени заложби. Многумина, од кои и јас, се сомневаат во неговата искреност да на Денот на сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница и на самиот чин на нивно погребување тој дошол да ја пружи раката на помирување.

Но и да е така. Доколку Вучиќ навистина тоа го сакал, зошто подадената рака на помирување не била нарекувањето на геноциот како геноцид а не како злочин, кога веќе од релевантните светски институции недвосмислено е потврдено дека се работи за геноцид, за етничко чистење на Бошњаците од тој регион, па да потоа дојде во Сребреница?

Доколку сака помирување, зошто тогаш Србија од Швајцарија побара апсење на командантот на Сребреница Насер Ориќ? И конечно, зошто мора да доѓа во Сребреница, нека отиде најпрвин во Сараево каде што би бил примен од највисокиот државен врв на БиХ?

Но, популистичкиот начин на владење на Вучиќ е таков да тој редовно , посебно кога се работи за општествено сензитивните теми од себе прави жртва, а вистинските жртви ги занемарува.
Тагата и тежината на геноцидот во Сребреница се толку големи, да не ни паѓа на памет да со ваквото однесување не искажуваме почит кон загинатите и нивните семејства, иако ова навидум изгледаше како извонредна можност за политичко поентирање. Многу јасно. Мисијата е остварена. Никој, односно ретко кој зборува за жртвите од геноцидот, сите зборуваат за нападот на српскиот премиер, кој во овој случај изглезе како голем херој и човек кој што со странците сака и знае да преговара.

Доколку навистина, искрено, сакаме никогаш, никому и никаде да не му се случи тоа што ни се случи на нас Бошњаците, ќе мора да го смениме нашиот генерален став и однос кон Сребреница.

Едноставно, ми пречи било кој да си даде за право да се поигрува со емоциите на стаданите семејства,а доколку тоа го толерираме, значи дека се согласуваме.

Затоа јас нема да молчам. Секако дега го осудувам начинот на односот према Вучиќ во Поточари, секое насилство треба да се осуди, но притоа мора да се имаат в предвид неколку работи.

Геноцидот во Сребреница е геноцид и така мора го нарекуваме, а не според политичките односи и останати разни интереси.

А Вие, премиер Вучиќ, доколку навистина сакате да ја пружите Вашата рака на помирување со Бошњаците, тогаш не велете дека тоа се друго освен геноцид. Доколку сме доволно доблесни да се погледнеме во очи едни со други и да си ги признаеме грешките од минатото кои никако не смеат да ни се повторат ,а притоа работите да ги нарекуваме со вистинско име, внимавајќи на сензибилитетот на самите случувања, општествено-политички збиднувања сите во регионот ќе мора искрено едни на другите да си посакаме среќа, меѓусебно почитување, напорно да работиме на создавањето на условите за поквалитетен живот, гледајќи ги луѓето според критериумите на човечноста, а не на етничката или верската припадност.
Историјата е нашата болна точка. Со нејзе мораме да расчистиме за да имаме порастеретена сегашност и посветла иднина.

Велат дека нема подобри или полоши народи, туку само различни, тогаш, ајде ние да бидеме од тие што ќе се разликуваат од другите да освен со декларативни изјави деќа ќе работиме напорно да ни биде подобро, да се подготвиме да вртиме нови страници во нашите меѓусебни односи и да ги градиме на цврсти и здрави темели, кои на наредните генерации ќе им овозможат посветла иднина.

Просто, мораме. А тоа што се мора, велат, лесно е.