Да си кажам

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

После повеќе од еден месец кампување, борба со истрајноста во она што некој веќе го започнал, доаѓаме до момент да се запрашаме, кој всушност извојува победа?! Дали „договорот од Пржино“ ја содржи суштината за која граѓаните протестираа периодот наназад или сме дошле до момент кога би прифатиле сè и сешто, па и она што не сме го посакувале односно сме го одбивале цело ова време?, прашува претседателот на УМС на ВМРО-НП Дино Блажевски во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

И повторно бадијала удирање во гради и повторно за нечија среќа, но и нечија жалост, пак сè се заврши со договор помеѓу двете „завојувани“ страни, опозициската и позициската. Не треба многу да размислуваме, а во ист момент да сфатиме дека не сме ништо подалеку од моменталната ситуација во која се наоѓа грчкиот премиер, кој, како и некои наши лидери, прво газеше сè пред себе со една идеја за да на крајот прифати она што некогаш го презираше и одбиваше.

После повеќе од еден месец кампување, борба со истрајноста во она што некој веќе го започнал, доаѓаме до момент да се запрашаме, кој всушност извојува победа?! Дали „договорот од Пржино“ ја содржи суштината за која граѓаните протестираа периодот наназад или сме дошле до момент кога би прифатиле сè и сешто, па и она што не сме го посакувале односно сме го одбивале цело ова време?

После повеќе од еден месец кампување, борба со истрајноста во она што некој веќе го започнал, доаѓаме до момент да се запрашаме, кој всушност извојува победа?! Дали „договорот од Пржино“ ја содржи суштината за која граѓаните протестираа периодот наназад или сме дошле до момент кога би прифатиле сè и сешто, па и она што не сме го посакувале односно сме го одбивале цело ова време?

Се сеќавам пред пет месеци поставив прашање до претседателот на СДСМ кое гласеше:

-Ако можната разврска резултира со техничка влада, дали таа техничка влада би имала време да спроведе попис на населението бидејќи попусто ќе ни се изборите ако прво не се спроведе попис?

Одговорот кој го добив тогаш одеше во насока кон која пописот како еден од можеби најприоритетните процеси кои ѝ се потребни на Македонија во моментов го позиционираше настрана од процесите кои сега се заговараат и договараат, а кои без попис се невозможни, на пример прочистувањето на избирачките списоци од „мртви и фиктивни“ гласачи, кое пак не е разговарано ниту, пак, договарано на последните преговори.

Се прашувам што воопшто се договори пред некоја вечер, зошто претседателите на партиите-преговарачи беа толку оскудни во презентирањето на она што го одлучиле, дали се крие некаков потаен момент – договор настрана од она што го сервираа на народот или, пак, нема што да презентираат па се вадат на оние веќе стандардни „демократски“ процеси кои ги слушаме веќе предолго.

Бидејќи ништо конкретно не видовме од преговарачкиот процес, ништо конкретно не ни знаеме за што всушност се зборувало, како што изгледа Македонија сè уште е во екот на политичката криза па во оваа прилика би сакал да прашам што правиме со преголемиот бран на имигранти, што правиме со задолжувањето на државава, што правиме со (не)имплементацијата на Рамковниот договор, што правиме со сиромаштијата и невработеноста особено кај младите во Македонија, што правиме со одливот на млади од Македонија, што правиме со препораките од извештајот на Прибе или, пак, ОБСЕ и ОДИХР?

Се прашувам што воопшто се договори пред некоја вечер, зошто претседателите на партиите-преговарачи беа толку оскудни во презентирањето на она што го одлучиле, дали се крие некаков потаен момент – договор настрана од она што го сервираа на народот или, пак, нема што да презентираат па се вадат на оние веќе стандардни „демократски“ процеси кои ги слушаме веќе предолго.

Последниве неколку години сведоци сме на се почестото употребување на терминот „демократија“ во Македонија. Нели е малку парадоксално да се бориш за демократија во едно загадено општество, а да премолчуваш на пример за барањето за менување на изборниот систем во кој сегашните шест изборни единици би се замениле со една единствена и во кој добивка ќе имаат и големите, но и останатите политички субјекти кои во моментов, освен во коалиции, не се во можност достојно да се изборат за свое место во законодавниот дом, сами. Ме чуди молчеливоста на тие партии кои во моментов уживаат во некакви коалиции не согледувајќи го демократскиот недостаток во државата кој го напаѓа токму нивниот партиски организам.

И покрај сето ова доаѓаме до моментот „предвремени“ избори, како да се навикнавме скоро секоја година и пол – две да имаме предвремени избори, а притоа да не се запрашаме од каде средства за нивна реализација. Со оглед на тоа дека на попис не ни помислуваме.

Овој пат како и секогаш го вртам фокусот кон младите политичари да ја искористат и оваа шанса да го подигнат гласот на повисоко ниво со што ќе дадат до знаење дека борејќи се за својот глас и своите идеи првенствено внатре, во партиите, па надвор преку дебатите и конференциите, всушност ја зацврстуваат својата позиција на политичката сцена и ја затегаат демократската основа за политичко надградување на партиите како нивни идни предводници, а наши и Ваши претставници на широката политичка арена.