Достапни линкови

Млади и политика


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Што е тоа што подмладоците односно потенцијалот на партиите ги кочи да го гласно изговорат својот став во однос на последниве случувања?, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

И така после мај нели доаѓа јуни, а после јуни најверојатно ќе си дојде и јули, младите спијат, споменикот на Мечкин Камен се распаѓа, а од решение за кризава абер се нема.

Во целава претстава видовме се и сешто со секакви точки и настапи, но во ниеден случај што е и најжално не видовме реакција од младите во политиката. Двата „најбројни“ подмладоци некако како да се дистанцираа од случувањата кои реално гледано нив и најмногу ги засега. Добро, ако не ги земеме во предвид камперските способности кои во моментов најдобро им одат од рака.

На сите општо познато им е колку е омразен особено последниов период зборот политика, омразен до таа мера да врз неа се фрла лоша сенка воедно и за оние кои ја практикуваат, работаат па и следат. Чудно е што еве десет години откако „демократската“ власт не е сменета на “демократски“ избори и што се уште младите велат дека, ниту треба да ги засега, ниту пак да следат во најмала рака, а сме држава во која ако ги прашате сите ќе ви одговорат дека се определени за некоја политичка опција.

Во целава претстава видовме се и сешто со секакви точки и настапи, но во ниеден случај што е и најжално не видовме реакција од младите во политиката. Двата „најбројни“ подмладоци некако како да се дистанцираа од случувањата кои реално гледано нив и најмногу ги засега. Добро, ако не ги земеме во предвид камперските способности кои во моментов најдобро им одат од рака. Останатите партиски подмладоци воопшто и да ги нема. Што е тоа што подмладоците односно потенцијалот на партиите ги кочи да го гласно изговорат својот став во однос на последниве случувања? Па зарем денеска ќе мислиме на тоа дека некој друг ќе се избори за интересите на младите освен ние самите?!

Ајде да бидеме реални, голема вина за исклученоста на младите од политичката заедница и лошото стојалиште на младите во државава се и самите млади. Со години слушаме и гледаме како стандардот е никаков, студентските домови – руини, елементарните услови за живот на еден млад човек – мизерни и во право се, но од каде право политичката активност и следењето на политичките збиднувања во државата да им се “небитни“? Зарем не констатиравме дека не треба да седиме со скрстени раце и да чекаме некој друг да ни ги решава проблемите? Епа, драги млади, ајде да ја повториме лекцијата за активизмот. Да баш тој активизам кој е столб на едно демократско општество. Токму со тој политички активизам, проактивност и учеството во процесите на одлучување на национално и локално ниво ќе придонесеме да биде слушнат и испочитуван гласот и на нас, младите.

Ајде да бидеме реални, голема вина за исклученоста на младите од политичката заедница и лошото стојалиште на младите во државава се и самите млади.

Учеството на младите во политичкото општество треба да биде далеку поопширно од она стандардното излегување на секоја четврта (по ново на секоја втора) година на избори. Учеството во политичкиот живот треба да даде голем придонос во влијанието врз одлуките, проектите и иницијативите.

Моментот кога граѓаните бараат нови лица во политичкиот живот им оди во прилог токму на младите политичари од партиските подмладоци кои би требало со своите изразени ставови и идеи да зрачат оптимизам во ова напатено македонско општество, а не да служат за нечиво покритие при лобирањето за лични интереси на поединци во политичките партии.

Односот кон младите е однос кон сопствената иднина и во никој случај не смеат да бидат маргинализирани и исклучени од демократските процеси во едно зрело изградено општество. Младите имаат обврска да се вклучат во надградувањето на демократското општество. Бидејќи Македонија на младите останува, време е активно да се вклучиме во политичките збиднувања и преку формалното и неформално обрзование да ги внесеме промените кои очигледно ни се и далеку од потребни.

XS
SM
MD
LG