Клучни моменти за водачите да се согласат за излезот од политичката криза. Со оваа реченица постирана на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, еврокомесарот Јоханес Хан го најави своето доаѓање во Македонија, но и тоа дека инсистира да се најде решение за проблемот сега.
Во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори.ВМРО-ДПМНЕ.
До овој момент, пак, клучните несогласувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ остануваат. Тие се поврзани со периодот на повлекување на Никола Груевски од премиерската функција и формирањето на владата што ќе ги подготви изборите, нејзиниот состав и периодот кога би започнала со работа.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев минатата недела објави дека дотогашните преговори биле неуспешни, тврдејќи дека Груевски одбил да прифати споделени гаранции помеѓу власта и опозицијата за враќање на демократските институции, за враќање на корективите во општеството, за нормализација на државата и, како што рече, за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори.
Го имаме договорот од 2 јуни, кој содржи многу точки и едно од тековните прашања беше идната организација на владата до изборите. Јас разбирам дека разговорите се во тек и на двете страни е да дојдат до решение. Тоа зависи од нив. Она што е договорено и до што треба да се држат е да има избори до крајот на април.Јоханес Хан, еврокомесар за преговори за проширување.
Тие, пак, според договорот од 2 јуни, кој се смета за основа за денешните и сите дискусии кои следеа, треба да се одржат до април идната година. ВМРО-ДПМНЕ останува на своето тврдење дека Заев и СДСМ не сакале избори, се плашеле од нив и бегале. Преку партиско соопштение испратено по извршниот комитет минатата недела, партијата соопшти дека во досегашниот тек на преговорите биле крајно конструктивна страна и направиле многу отстапки во насока на изнаоѓање на компромисно решение за политичката состојба.
„Во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори“, соопштија од партијата.
Оваа реакција следуваше неколку часа откако Хан најави дека доаѓа во Скопје.
Без разлика на ваквите ставови на двете главни спротиставени страни, според кои речиси е невозможно да се постигне компромис, Хан минатата недела во интервју за нашето радио порача дека не треба да се губи време.
„Го имаме договорот од 2 јуни, кој содржи многу точки и едно од тековните прашања беше идната организација на владата до изборите. Јас разбирам дека разговорите се во тек и на двете страни е да дојдат до решение. Тоа зависи од нив. Она што е договорено и до што треба да се држат е да има избори до крајот на април“, рече Хан.
Инаку, покрај него, во Скопје на средби со македонските политички лидери допатуваа и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл.