ДУИ не се согласува со Чавков дека не треба меѓународна истрага за Куманово

Потребна е меѓународна истрага и поблиска соработка меѓу Македонија и Косово за расветлување на случајот, преку која ќе се открие што точно се случило со цел да не се остави простор за различни шпекулации кои понатаму може да се злоупотребат за повторување на такви настани, велат во ДУИ.

Од ДУИ и натаму очекуваат меѓународна истрага за случајот во Куманово, тоа го препорачуваат и експертите, а претходно истото го побараа и албанските и косовските власти, како и меѓународната зедница. Но, министерот за внатрешни работи Митко Чавков при вчерашната посета на кумановската Дива населба каде се случи нападот, изјави дека нема потреба од меѓународна истрага, бидејќи сите траги и докази веќе биле во рацете на Јавното обвинителство.

Бидејќи се работи за инцидент во кој се вклучени државјани од друга земја и има неразјаснети околности потребна е меѓународна истрага и поблиска соработка меѓу Македонија и Косово за расветлување на случајот, преку која ќе се открие што точно се случило со цел да не се остави простор за различни шпекулации кои понатаму може да се злоупотребат за повторување на такви настани.
ДУИ.

„Бидејќи се работи за инцидент во кој се вклучени државјани од друга земја и има неразјаснети околности потребна е меѓународна истрага и поблиска соработка меѓу Македонија и Косово за расветлување на случајот, преку која ќе се открие што точно се случило со цел да не се остави простор за различни шпекулации кои понатаму може да се злоупотребат за повторување на такви настани“, велат од ДУИ.

Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров вели дека е потребна меѓународна истрага, бидејќи граѓаните повеќе немаат доверба во македонските институции и што да и каже МВР не е доволно.

Впрочем и коалиционите партнери кои се дел до власта изразуваат недоверба кон институциите. Затоа во иднина мора да се работи на создавање на доверба во институциите. Но, во вака констелација на силите тоа е апсолутно невозможно.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

„Затоа мислам дека е потребна меѓународна истрага. Впрочем и коалиционите партнери кои се дел до власта тоа го заговараат, дека е потребна една независна истрага. Дури и тие самите изразуваат недоверба кон институциите. Затоа во иднина мора да се работи на создавање на доверба во институциите. Но, во вака констелација на силите тоа е апсолутно невозможно“, вели Пивоваров.

На прашањето дали ќе бараат од министерот Чавков меѓународната истрага, од ДУИ велат дека се на ставот оти е потребно да се разјаснат сите околности во случајот со Куманово. Според Пивоваров, помина повеќе од еден месец и сè уште нема информации за случајот со образложение дека истрагата е во тек.

„Впрочем, за многу случаи кои владата ги квалификуваше како тероризам, дополнително не добивме никакви информации кои се нарачатели и кои им се целите и мотивите и дали навистина сме загрозени од внатрешен или надворешен непријател. Несмасната изјава на претседателот Иванов дека Косово ни е виновно за ваквата ситуација, па затоа секогаш службите се за тоа да си ги расчистат работите во својот двор. Не може никогаш да се повикуваме дека некој отстрана ни е виновен за безбедносните проблеми кои се раѓаат во Македонија и кои се наталожија, особено после политичката криза во оваа година“, додава Пивоваров.

Во нападот на вооружената група во кумановската населба на 9 мај загинаа 18 луѓе - осуммина полицајци и десетмина припадници на вооружената група.