Совет на ЕУ - нацрт заклучоци за Македонија

На инсистирање на Берлин од претходниот драфт е извадена реченицата дека „Советот ја реафирмира силната посветеност на ЕУ перспективите на Македонија“.

Нацрт заклучоците за Македонија кои треба да бидат прифатени од Советот за општи работи на ЕУ утре во Луксембург:

Реафирмирајќи ги своите заклучоци во однос на поранешната југословенска Република Македонија од декември 2014 година и април 2015 година, за посветеноста на ЕУ на Солунската агенда и кандидатскиот статус на поранешната југословенска Република Македонија, Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза.

Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза.

Советот позитивно ги регистрира последните напорите на партиските лидери да бараат и постигнат решенија и во овој контекст го поздрави олеснувањето на комесарот Хан, како и на членовите на Европскиот парламент.

Советот, како значаен прв чекор во решавањето на политичката криза го нотира договорот од 2 јуни 2015 година постигнат во Скопје. Овој договор ги утврдува обврските на лидерите на најголемите политички партии за справување со сериозната загриженост за владеењето на правото како и посветеноста на процесот на пристапување кон ЕУ и на демократските принципи на земјата, вклучувајќи го и одржувањето добри меѓуетнички односи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и со зајакнување на добрососедските односи.

Потребно е да се обезбеди што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите кои откриваат какви било кривични престапи, со целосна почит кон самиот процес, принципот на независност на судството и пресумпцијата на невиност.

Советот го смета договорот од 2 јуни како основа за идните дискусии. Советот ги повика политичките партии во интерес на граѓаните и на земјата да ја преземат одговорноста, како и итни мерки за постигнување одржливо решение и конструктивно да продолжи политичкиот дијалог како и напорите за да се врати довербата во институциите.

Советот ги повика на примена на сите препораки на Комисијата, почнувајќи со приоритетите за итна реформа, во однос на владеењето на правото што произлегува од актуелната криза, вклучително прекршувањето на фундаменталните права, судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции и мешањето државапартија и замаглувањето на надзорот.

Примената на овие препораки ќе бидат внимателно следени од страна на Комисијата. Изборните реформи во согласност со препораките на ОБСЕ / ОДИХР се итно потребени и ќе придонесат за обезбедување еднаквост пред идните избори, и нивно слободно и фер спроведување што ќе биде важен индикатор на реформите во овој поглед. Згора на тоа, потребно е да се обезбеди што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите кои откриваат какви било кривични престапи, со целосна почит кон самиот процес, принципот на независност на судството и пресумпцијата на невиност.

Советот на седница на Советот за стабилизација и асоцијација во јули ќе очекуваат детални извештаи за конкретни преземени акции предвидени во следните месеци.

Истакнувајќи ја потребата на поранешната југословенска Република Македонија да направи видлив напредок кон исполнување на приоритетите за итни реформа а во согласност и со заклучоците од 16 декември 2014 година и оние од 21 април, 2015, Советот го потврдува ангажманот на ЕУ, вклучително и преку редовно известување од страна на Комисијата и на EEAS за, меѓу другото, приоритети за итна реформа и за европскиот напредок за процесот на пристапување во ЕУ и за ситуацијата во земјата. Советот ќе се наврати на ова прашање во следните месеци.