Полицијата во кумановското село Ваксинце пронашла 120 мигранти, од кои триесетина биле пронајдени по куќи. Министерството за внатрешни работи потврди дека полициската акција е завршена и дека меѓу неколкумината уапсени е и човек кој бил баран со потерница за убиство.
Дел од мигрантите побарале азил и ќе бидат пренесени во Центарот за азил, додека мигрантите кои биле пронајдени во куќите ќе треба да дадат прво изјави пред Јавен обвинител, како биле држени во куќите, дали присилно или за тоа платиле, со што автоматски се водат како сведоци за сторено кривично дело.МВР.
Од МВР информираат дека дел од мигрантите побарале азил и ќе бидат пренесени во Центарот за азил, додека мигрантите кои биле пронајдени во куќите ќе треба да дадат прво изјави пред Јавен обвинител, како биле држени во куќите, дали присилно или за тоа платиле, со што автоматски се водат како сведоци за сторено кривично дело.
Во меѓувреме во прифатниот центар за странци во Гази Баба, мигрантите кои се чуваат затворени како во притвор, почнаа бунт. На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледаат луѓе зад решетки кои извикуваат на англиски „ Ние сакаме слобода“.
Од полицијата велат дека таму нема регистрирано инциденти, но честопати се случува луѓето кои се таму да бараат да се забрзаат процедурите и да бидат префрлени во прифатниот Центра за азил во Волково кој е од полуотворен тип. Од МВР велат дека не можат ништо да преземат, затоа што се одолговлекуваат процедурите поврзани со азил или пак сведочење во кривична постапка не зависат од нив.
Кога ќе влезете внатре тоа е еден затворен простор во кој престојуваат многу луѓе, кои што немаат доволно кревети, простор кој што е загушлив, простор кој што е недоволно хигиенски одржуван, и сето тоа сметаме дека пред се заради тоа што нивниот затворен третман, односно повеќе месечното држење во тој затворен објект.Аница Томшиќ Стојковска, советник за превентива од тортура на Народниот правобранител.
По ваквите информации претставници на Народниот правобранител го посетиле Центарот вчера и отвориле поопширна истрага која нема да се однесува само на превенција од тортура и најавија за утре повеќе информации. Неодамна советничката за превентива од тортура на Народниот правобранител Аница Томшиќ Стојковска изјави дека прифатниот центар во Гази Баба оддамна ги надминал капацитетите и е пренатрупан, а луѓето таму живеат во екстремно лоши услови.
„Кога ќе влезете внатре тоа е еден затворен простор во кој престојуваат многу луѓе, кои што немаат доволно кревети, простор кој што е загушлив, простор кој што е недоволно хигиенски одржуван, и сето тоа сметаме дека пред се заради тоа што нивниот затворен третман, односно повеќе месечното држење во тој затворен објект.“
Граѓанските активисти тврдат дека Македонија лошо се справува со мигранстката криза а една од причините за тоа е незинтересираноста на институциите и неносењето на измените на Законот за азил. Мигрантите се невидливи за системот, иако бројот на луѓето кои транзитираат е огромен. На пример минатата година според бројките на МВР низ земјава поминале над 40 илјади мигранти од кои поливина се од Сирија, а 40 проценти од Авганистан.
Мерсиха Смаиловиќ вели дека со носењето на измените на законот за азил, ќе им се овоможи на мигрантите ќе можат на граничните премини за 72 нормално да ја напуштат земјата или да побараат азил во земјава. Тие ќе можат да си платат легално за јавен превоз, за преноќивалиште и за здравстеви услуги.
„Најголема бенефиција ќе има државата што ќе имаат официјална статистика од тоа колку мигранти влегле во Македонија, колку луѓе се движат, официјална корист ќе има Македонија со тоа што на пример до сега 140, од јануари до мај се уапсени 140 криумчари и се води за нив судска постапка, имаме банди од соседството кои што оперираат низ Македонија. Ќе спречиме ланец на криминал кој што се случува со мигранти. Значи заштитата на секое човечко суштество на кое Македонија се обврзала со тоа што потпишала еден куп декларации на ОН, ќе може да ги стави во сила. Ќе им го заштити животот и дигнитетот на луѓето кои што минуваат низ Македонија.“
Такви закони веќе се донесе во земјите од регионот. Дополнителен проблем, вели Смаиловиќ, е тоа што дел од граѓаните печалат големи пари на маката на азилантите, им продават векна леб за 10 евра, користени велосипеди од 150 до 400 евра и лажни документи за 50 евра.