Исламската држава продава тинејџерки за „кутија цигари“

Припаднички на Јазиди -жртви на сексуална злоупотреба во Ирак.

Борците на ИД киднапираат девојки, ги злоупотребуваат, а потоа ги продаваат на пазарот за робови, најчесто за многу малку, колку за цигари, вели претставник на ОН за борба против сексуално насилство.

Тинејџерки киднапирани од страна на борците на Исламската држава во Ирак и Сирија се продаваат на црните пазари за робови „за малку, колку за кутија цигари“, изјави на 8 Јуни, Зајнаб Бангура, претставникот на ОН задолжена за борба против сексуално насилство.

Тие киднапираат и злоупотребуваат жени кога ќе освојат нови области, така што тие, не сакам да речам - се снабдуваат со нова роба, ама имаат нови девојки.
Зајнаб Бангура, претставник на ОН.

Зајнаб Бангура во април беше во посета на Ирак и Сирија и оттогаш работи на акционен план за справување со ужасното сексуално насилство врз илјадници девојки кои се држат како рабови од страна на милитантната група. Се претпоставува дека станува збор за бројка од 3.000 до 5.000 девојки.

Зајнаб Бангура, претставник на ОН задолжена за борба против сексуално насилство.


Киднапирањето девојки стана клучен дел од стратегијата на Исламската држава за регрутирање борци од странство, кои отпатуваа во Ирак и Сирија во рекорден број во текот на изминатите 18 месеци.

„Тие на тој начин привлекуваат млади мажи - Имаме жени кои чекаат за вас, девици со кои ќе може да се ожените“, изјави Зајнаб Бангура за АФП.

Ние чувме за една девојка која ја тргувале 22 пати, потоа друга што избегала ни кажа дека шеикот кај кого била, го напишал неговото име на незината рака за да покаже во чија сопственост е девојката“, раскажува Бангура.
Зајнаб Бангура, претставник на ОН задолжена за борба против сексуално насилство.

Таа вели дека странските борци се столбот на борбите кои ги води Исламската држава.

„Тие киднапираат и злоупотребуваат жени кога ќе освојат нови области, така што тие, не сакам да речам - се снабдуваат со нова роба, ама имаат нови девојки“, вели таа.

Девојките се продаваат за малку, за кутија цигари или пак за неколку стотина долари, илјадници долари, објаснува Зајнаб Бангура, претставник на ОН за борба против сексуално насилство

Застрашувачки се забелешките на Бангура за тоа како девојките се заробуваат и продаваат на црните пазари, објавени неодамна во серија интервјуа.

„По нападот на едно село, борците на ИД ги разделиле жените од мажите и ги погубиле мажите над 14 години. Потоа девојките се соблекле голи, по што следело тестирање за невиноста, им биле испитувани големината и привлечноста на градите. Најмладите и оние најпривлечни девици достигнуваат повисока цена и биле испраќани во упориштето на Исламската држава во Рага. Според хиерархијата на милитантите, прво шеиците бирале, потоа емирите, а потоа борците. Секој си земал по три или четири девојки за себе, ги задржувал месец или неколку месеци, се додека му биле атрактивни, а потоа ги праќаат на црниот пазар за работи. Таму пак купувачите жестоко се ценкаат за понуденото, често понижувајќи ги девојките дека се „рамни како штица“ или пак се непривлечни“, се само дел од објаснувањата на Бангура.

„Ние чувме за една девојка која ја тргувале 22 пати, потоа друга што избегала ни кажа дека шеикот кај кого била, го напишал неговото име на незината рака за да покаже во чија сопственост е девојката“, раскажува Бангура.

Многу од сексуалните робови се Јазиди, прогонувано малцинство за кое Исламската држава смета дека се отпадници, „верници на ѓаволот. Однесувањето со жените Јазиди се карактеризира со презир и дивјаштво, вели Бангура.

„Нив ги силуваат, ги прават сексуални робови, присилно ги тераат да се проституираат и други акти на екстремна бруталност“, вели таа. Слушнавме дека една 20-годишната девојка била изгорена, бидејќи одбила да изврши екстремен сексуален чин“, објаснува Бангура.