Груевски и неговите соработници се трудат по секоја цена да останат на власт и тоа го прават за пари, рече денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, објавувајќи ја 36-тата таканаречена бомба на СДСМ во кампот пред владата.
Кој знае колку чоколади изел Ставрески, додека народот нема за леб, кој знае со што уште Груевски го држи се уште во влада. Груевски оди си и земи си ги соработниците со себе. Македонија ја бара вашата оставка и ќе ја добие вашата оставка.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Тој рече дека сите афери за власта не може да ги собере само во една папка, тука како што вели, потребно е папкиште. Шилегов објави нелегално прислушувани телефонски разговори меѓу, како што вели, државни функционери, кои, според него, докажуваат криминал и злоупотреби на власта.
Во истата зграда во близина на МВР, каде што станови купила поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, стан купил и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рече Шилегов.
Во првиот разговор што го објавија СДСМ, како што велат се слушаат гласовите на Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески. Шилегов најавувајќи го разговорот рече дека Јанкулоска и мажот и купиле два стана, а идејата за становите и ја дал Ставрески, а потоа, како што велат од СДСМ и тој си купил стан во зградата број 20 на улицата Димче Мирчев. Грижата му била како никој да не го види додека го бирал станот и кога го опремувал, како и тоана чии име да го пријави, за да се заштити од антикорупциска и за да не зборува народот, рече Шилегов.
„Машки глас: 89 беше или колку?
Женски глас: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
Машки глас: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
Женски глас: Е па ти, ти што ми кажа сега... Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
Машки глас: Е ај ја ако договориме нешто...како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде...
Женски глас: Има како.
Машки глас: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го...во реализацијата...
Женски глас: Аха...
Машки глас: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или...
Женски глас: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев...
Машки глас: ...нашиов што зборат... него поише од друг аспект. Од аспект на, на... антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Шилегов по првиот разговор запраша дали Ставрески го пишал станот на името на братучед му Владимир Ефтимовски и побара новинарите да го истражат тоа, а како што рече, ако не истражат новинарите, тогаш ќе истражи СДСМ.
Следниот разговор што го објавија СДСМ е како што велат меѓу Јанкулоска и нејзиниот портпарол Иво Котевски. Разговорот, велат од СДСМ е потврда за становите,но и за дрскоста, како што велат од СДСМ, што им ја овозможува власта.Ќе чуете како Котевски ја предупредува Јанкулоска дека јавноста ќе зборува дека луѓето немаат леб да јаде, а таа купува два стана , а таа вели - Е кој ќе објави бе Иво?, рече Шилегов.
„Женски глас: Не ама и не им врши работа ваков одговор. Да речеш не е пријавено, нешо така, нема ништо.
Машки глас: Ако де ќе глеаме сеир... ќе видиме што ќе пишуваат ја мислам дека нешо многу многу. Ама добро они нема да идат на таа варијанта, они ќе идат на патетика. Луѓе немаат леб да јадат оваа купила стан сеа купила уште два стана... тоа е тоа, они би сакале да се сите на питачки стап и на улица леб да немаат.
Женски глас: Мислам тоа е нивниот главен аргумент, пријавил, непријавил од кај ти се парите и паѓа у вода...мислам ја тоа свесно сум го направила така. Абе кај, кој ќе им го пренесе бе Иво, кај на Плусинфо?
Машки глас: Ако де ќе глеаме сеир... ќе видиме што ќе пишуваат ја мислам дека нешо многу многу: Не бе шо... Плусинго, Бриф и она како им се вика А1он.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Третиот и последен разговор објавен денеска од страна на СДСМ е како што рече Шилегов, за да нема дилема дека Ставрески се сместил во комшии на Јанкулоска.
Од СДСМ велат дека во разговорот може да се слушнат гласовите на Јанкулоска и сопругата на Ставрески, Антоанета, кои зборуваат за уредување на станот, бојата на вратите, гарнитурата за седење, кујната, изгледот на терасите во становите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Кој знае колку чоколади изел Ставрески, додека народот нема за леб, кој знае со што уште Груевски го држи се уште во влада. Груевски оди си и земи си ги соработниците со себе. Македонија ја бара вашата оставка и ќе ја добие вашата оставка“, рече Шилегов.
На новинарско прашањето за коментар за изјавата на премиерот Никола Груевски дека тој што победил на избори формира влада, Шилегов рече дека на фер избори што нема да ги организира Никола Груевски опозицијата ќе победи и ќе формира влада.