Добредојден дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ

Од МПЦ велат дека засега немаат коментар на одлуката на СПЦ која одобри нов условен дијалог со македонската црква. За познавачите секој дијалог е добредојден.

Отпочнување на дијалогот е позитивна работа, бидејќи на крајот проблемот меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква-ОА, мора да се реши низ дијалог, што значи секој дијалог е добредојден, вели Даниел Димевски, експерт по црковна дипломатија.

Се уште не заседавал Светиот архиерејски синод и МПЦ нема коментар.
МПЦ -ОА.

Од МПЦ велат дека засега немаат коментар на одлуката на СПЦ која одобри нов условен дијалог со, како што велат, таканаречената Македонска православна црка, со кој сите досегашни комисии и одлуки ги прогласува за ништовни. Портпаролот на МПЦ, Господин Тимотеј рече дека се уште не заседавал Светиот архиерејски синод и затоа не може да коментира ништо.

Поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.

Во соопштението на Српската православна црква се наведува дека таквите разговори ќе се случат тогаш кога ќе бидат прекинати сите судски процеси против Господин Јован, како и постапките против 18 членови на Православна Охридска Архиепископија (ПОА), меѓу кои двајца се епископи.

Многу се подлабоки причините и мислам дека времето што ќе биде зрело за решавање на овој предмет е време кога прво ќе го затвориме прашањето за именување на нашата православна црква и второ кога на цело на Српската црква ќе дојдат некои помлади, проевропски ориентирани владици.
Даниел Димевски, експерт по црковна дипломатија.

Димевски вели дека не треба да се биде оптимист дека брзо ќе се дојде до решение, оти се уште има, како што вели, многу недоверба, се уште постојат клучните отворени проблеми околу именувањето на македонската црква, се уште постои ригидниот став кај Синодот на СПЦ, така што добро е што овој дијалог ќе подготви терен, но ова ќе потрае и треба да се биде стрплив, вели Димовски.

Тој додава дека проблемот е многу подлабок, отколку што сега се маскира, дека проблемот е Јован Вранишковски и неговите следбеници.

Соопштението на сајтот на СПЦ.

„Многу се подлабоки причините и мислам дека времето што ќе биде зрело за решавање на овој предмет е време кога прво ќе го затвориме прашањето за именување на нашата православна црква и второ кога на цело на Српската црква ќе дојдат некои помлади, проевропски ориентирани владици, коишто ќе се вратат на изворните принципи на православието, на изворните пред се христијански принципи кои што велат – Не му го прави на ближниот, она што не сакаш да ти се прави тебе.“

Разговорите треба да ги води нова Комисија на Светиот Архиерејски Собор, а нејзин претседател ќе биде Митрополитот црногорско-приморски Господин Амфилохиј. Меѓу членовите на Комисијата е и , а Епископ стобиски на автономната Православна Охридска Архиепископија Господин Давид.

„Со ова се ставаат вон сила сите досега донесени одлуки со кои беа одредени составите на поранешните комисии за водење на спомнатиот дијалог“, се наведува во соопштението на веб-сајтот на СПЦ.

Преговори меѓу двете цркви нема повеќе од една деценија. Последниот обид беше направен со посредство на руската православна црква. Димевски вели руската Црква е несомнен авторитет во православието, но не треба да се очекува дека таа би го решила отвореното прашање меѓу СПЦ и МПЦ

„Проблемите коишто тие ги имаат со Украинската православна црква, којшто е многу сличен проблем којшто ние го имаме со Српската православна црква, мислам дека тие како партнер е добро да учествуваат, меѓутоа беспредметно е да се очекува дека тие ќе го решат нашиот проблем на сопствена штета, бидејќи решавањето на нашиот проблем може да се искористи како основа Украинската православна црква да го бара токму истото, така да во принцип мислам дека решението ние ќе мора да го најдеме првенствено со Српската православна црква и тоа е наједноставниот пат и единствениот во овој момент“, вели Димевски.