Убиените косовски државјани во вооружениот судир во Куманово беа погребани вчера на гробиштата на паднатите борци во Приштина. Пред погребот, стотици граѓани, меѓу кои, и претставници на политички партии им одадоа почест во спортската сала каде беа изложени ковчезите со нивните тела.
Деветмина од убиените косовски државјани во Куманово беа припадници на вооружената група за време на судирите со македонската полиција.
Освен осуда било каква вклученост на државјаните на Косово во инцидентите во Македонија, државниот врв не зазема никаков официјален став за оваа вооружена група од косово. Напорите на Радио Слободна Европа да добие одговор од претседателот и владата зошто е тоа така, завршија неуспешно.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Косовски аналитичари велат дека државниот врв нема храброст за такво нешто, односно нагласуваат дека е во прашање тоталната неспособност на актуелната власт.
Аналитичарот Дукаџин Горани вели дека во една ваква вакумска ситуација без официјални позиции и ставови може да се случат ризични работи.
„Тоа всушност нас и ни се случува. Загрижен сум затоа што не преземањето на храбри чекори и не поседувањето на способност за еден официјален државен став, неизбежно е дека оваа ситуација ќе го поларизира косовското и албанското општество во Косово, но и во Македонија. Од таа поларизација не може ништо друго да се очекува освен ситуација на еден скоро не приметен граѓански конфликт“, вели Горани.
Горани додава дека трагедијата во Куманово го разоткрила феноменот за кој досега не се разговарало, а тоа е формалната политика за која власта на Косово обично има што да каже и реалната политика со која власта на Косово никогаш не била способна да се соочи.
„Ако говориме за формални прашања како што се дијалог или останати аспекти во врска со општа политика за тоа секогаш постојат ставови и изјави. Но, ако се работи за сериозни групации кои директно влијаат на друштвениот живот во Косово, кои дали се насилни, екстремни или поинакви, а кога зборуваме за фундаменталните идеолошки уверување со нашата власт, оваа структура и оваа власт апсулутно нема никаква способност да се соочи со нив. Молкот кој веќе неколку дена трае на Косово, освен што откри целата таа неспособност, тоа говори и за еден голем страв на косовските власти наспроти реалните друштвени ситуации“, вели Горани.
Во врска со тоа, како што наведува тој, се поставува прашањето како косовското друштво да се позиционира наспроти контрадикторните меѓусебни односи , затоа што од една страна на овие луѓе гледа како на херои кои отишле да се борат и ослободат една држава, а која е призната како странска, која е и наша соседна земја и која ја признала независноста ан Косово. Од друга страна постои извештај, според кој, оваа група ја дефинираат како ризична група со екстремни видувања, вели Горани.
И аналитичарот Хаљиљ Матоши смета дека молкот на косовските институции за тоа како да се постапи со личностите кои се вклучени во инцидентот во Куманово ја покажува кршливоста на институциите.
„Дефинитивно е дека една униформирана група со симболи и оружје не може да се смета за нешто друго. Но, премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи Скендер Хисени не ја контролираат оваа група, со припадници од ОВК, воени ветерани и сл. И тука е проблемот. Тие немаат храброст ни да се дистанцираат, а ваму се ангажираат за заштита на Макеоднија како единствена држава“, вели Матоши.
Горани ја истакнува потребата за една општествена дебата за тоа дали косовската власт и политика се само декор, кој не служи за решавање на ниту еден проблем или заземаат сериозен став за суштински прашања.
„Доколку косовската власт е само една формалност која никогаш немала никаква власт, ниту реална позиција во општеството, тогаш трагедијата во Куманово треба да биде последниот аларм за повторно да се размисли целта на постоењето ан таква власт, целта на постоењето на такви владини структури и да се преиспитаат нивните способности, капацитети, но и амбиции“, заклучува Горани.